Писмо на мигрантка ЈА КРЕНА ЕВРОПА НА НОЗЕ: „Не ме сакате поради моите вештини, туку затоа што сум бела“

Една бела „мигрантка“ неодамна се преселила во Белгија. Таа се вика Матилда Акселсон и преку статус упати порака до Системот на ЕУ. Нејзиното обраќање ги подели луѓето во нивните размислувања, а ние во целост ви го пренесуваме нејзиниот статус.„Денес се преселив во Белгија.
Не затоа што морам. Ниту поради страв. Ниту поради закана со болка или насилство.
Ете, ми беше мерак.
Посакав да се преселам во Белгија. Па го сторив тоа, бидејќи мене ми е лесно да се преселам. Затоа што мојот пасош вели дека сум Швеѓанка и тоа ми дава право да одам каде сакам, кога сакам. Бидејќи системот сега ми дава право да избирам каде ќе живеам без оглед на моите вистински потреби.
Јас сум добредојдена тука. Општеството ме признава, луѓето се љубезни и полни со почит кон мене во автобус. Можам преку ред да ја продолжам дозволата за престој. Не морам да чекам една недела во редиците во паркот пред имиграционото биро.
Никој не ја преиспитува мојата одлука. Никој не ми вели да се вратам таму од каде што сум дошла. Никој не одбива да ме вработи, не ми ја навредуваат религијата, ниту пак со години ме влечкаат по бесконечни процеси и испитувања.
Но, зошто?
Зошто толку многу ме сакаш?
Зошто, драг систему, си одбрал токму јас да бидам дел од твоето општество?
Дали сум врвен хирург, професор или течно зборувам три јазици?
Не.
Но, знам сè за најновите ТВ-серии и на Netflix и на HBO.
Дали имам 20 години искуство како мајстор, дали сум негувателка на деца, дали умеам да произведам нешто?
Не.
Но, можам да направам одлично мартини.
Имам ли многу пари или други богатства што можам да ги инвестирам во твојата земја?
Не.
Но, кога имам вишок пари сакам да одам во шопинг.
Имам ли каква било друга квалификација или способност кои би можеле да бидат корисни за твоето општество?
Не.
Но, поседувам талент за наоѓање слатки слики од мачиња на интернет.
Дали до крајот на животот ќе бидам во твојата земја и со тоа ќе придонесам за нејзиниот економски развој или ќе го решам падот на наталитетот?
Не.
Но, веројатно тука ќе поминам неколку години од мојата среќна младост, уживајќи во твоите барови и ноќни клубови, а потоа ќе заминам во некоја наредна авантура.

Дали се селам тука зашто мојата земја е во урнатини? Дали бегам од војна, глад или насилство? Дали сум решила да го ставам целото семејство во гумен чамец и да патувам низ опасни води, бидејќи знам дека така тие се побезбедни отколку да останат макар уште една минута во теророт од кој бегаат?
Не.
Едноставно ми стана мерак.
Ми викаат дека сум „иселеник“.
Не мигрант или ЕУ-мигрант.
Не странец.
Не паразит.
Затоа што јас сум граѓанин на Европската Унија и Системот вели дека тоа ме прави „една од нас“.
Ти не ме сакаш затоа што сум посебна. Ти не ме сакаш поради моите вештини, способности и потенцијали. Ти ме сакаш зашто сум Европејка. Бела, веројатно христијанка, привилегирана Европејка.
Во моментов постојат стотици илјадници бегалци коишто тропаат на вратите на Европа. Хирурзи, професори, лингвисти, мајстори, учители, работници и вешти луѓе кои можат да придонесат за европското општество. Тие сакаат со сите свои средства да изградат дом, нивните деца безбедно да пораснат и да создадат иднина што трае.
Но, тие не се добредојдени. Наместо нив, Системот на Европската Унија ме одбра мене.
Драг систему,
Не гледаш дека не си одржлив?
Не гледаш дека ги дискриминираш токму луѓето коишто се подготвени да ги вложат сите свои пари и сите свои останати денови живот во градење на твоето општество?
Драг систему, дојде време да се повлечеш.
Ние гласавме, ти изгуби.
Во минатите недели ние ги дониравме нашите пари, нашето време и нашите срца за да ги елиминираме темелите на дискриминацијата, на кои лежиш ти. Наместо тоа, ние избравме „Бегалци, добредојдовте“.
Германија го стори тоа. И Шведска го стори тоа. Тие, но и други земји со нив, одлучија да направат промена во своите делови од системот.
Не само од хуманитарни причини. Не затоа што се обидуваат да бидат херои. Не затоа што сакаат да го жртвуваат своето богатство за доброто на други луѓе.
Туку затоа што се доволно паметни да сфатат дека прифаќањето на овие луѓе е она што ќе го направи општеството да процути и да продолжи да цути на долги патеки.
Драг систему,
Те молам верувај ми на ова:
Ти ги сакаш тие силни и способни луѓе како дел од твојата заедница.
Ти не ме сакаш мене.“
Нејзиниот статус може да го погледнете на следниот ЛИНК„Денес се преселив во Белгија.
Не затоа што морам. Ниту поради страв. Ниту поради закана со болка или насилство.
Ете, ми беше

Пронајдете не на следниве мрежи: