ПИСМО НА МУСЛИМАНИТЕ ГИ ЗАПАЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: „Убијците на новинарите се терористи, а не следбеници на Алах!“

Ова писмо сведочи за желбата на муслиманите да се издвојат од терористите кои убија 12 невини луѓе со изговор дека со убиствата ја бранат верата, Алах и пророкот Мухамед.По невидениот масакр кој беше извршен во редакцијата на весникот „Шарли Ебдо“ во Париз, во кој загинаа 10 новинари и двајца полицајци, се појави писмо од засега сѐ уште неименуван автор, кое предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.
Напишано на англиски јазик, по сѐ судејќи, сведочи за желбата на муслиманите да се издвојат од терористите кои убија 12 невини луѓе, со изговор дека тоа го прават во име на верата.
Писмото го пренесуваме во целост:

We Don't Want War, We Don't Want Fight, We Want Peace! #RespectForMuslims pic.twitter.com/MwfueJY5oT
— uzaylı ➳ Muslim (@BizzleTeenKing) January 8, 2015

Јас сум муслиман и сакам да го кажам следното.
Драги читатели,
Алах во Куранот вели:
„Ако некој убие невино лице, тоа е исто како да го убил целото човештво. А ако некој некому му го спаси животот, тоа е исто како да го спасил човештвото.“
Така, исламот во целост се противи на убивањето невини луѓе. Дури и Алах наредува да им правите добро на оние кои вам ви прават лошо.
Исламот е религија на мирот.
Ако неколку кукавици кои имаат бради убиваат невини луѓе и велат дека се со исламска вера и дека ги следат заповедите на Алах – верувајте дека лажат. Тие не припаѓаат на ниедна религија, бидејќи секоја религија дава лекции за хуманоста.
Тие се терористи! Не муслимани!
Тие се непријатели на мирот. Ние муслиманите сакаме мир. Не сакаме војна. Не сакаме да се бориме. Ние сакаме мир!По невидениот масакр кој беше извршен во редакцијата на весникот „Шарли Ебдо“ во Париз, во кој загинаа 10 новинари и двајца полицајци,

Пронајдете не на следниве мрежи: