Како да си помогнам – крикот на една мајка е сериозен која како што вели има проблем со детето. Еве го нејзиното писмоИмам проблем, можеби тоа за некого и не е некој голем проблем но кој има мали деца и тоа како е. Поготово ако децата се мали а родителите работат и немаат време да ја следат целата ситуација околу децата па им пуштаат тв да гледаат што тие сакаат.
Пред некој ден се вратив од работа и ги завршував своите обврски, и одлучив да поминам малку време со својот син кој има скоро 7 години. Не бара многу но јас се трудам да му овозможам се и да го изведам на прав пат. Има одредено темпирано време кога спие, кога си игра, кога учи. Добар е, но во последно време почнува да станува агресивен и да се однесува чудно.
Го прашав што сака да правиме оној ден па ми рече дека веќе бил надвор и сега сака да гледа цртани на кабловска…
Не знаев што гледа моето дете и кога седнавме да гледаме се шокирав. Знам дека не сака да гледа филмови со експлицитни сцени и содржина бидејќи ми кажува што гледа, но откако изгледав со него неколку цртани сватив дека можеби помлку зло ќе му нанесев да го пуштев да гледа порно филмови! Да, точно така…
Па тоа е еден голем ужас, борби, насилство, крв, ликовите кои ги видов ги сонував бидејќи ме преплашија. Само се борат, мечуваат, си вадат еден на друг органи, грди се, премногу агресивна музика, пораки на омраза и насилство, тотален хаос. Кога го прашав детето зошто ги сака тие цртани, и му реков дека има и други поинтересни како што се том и џери, летечки мечиња, тој ми рече дека ликовите во тие цртани се пи**и.
Не е ни чудо што мојот син веќе се степал но не сум знаела дека тоа ги поминало границите и дека причина за тоа се цртаните филмови кои тој ги гледа. Тој едноставно полудува откако ќе погледне два или три такви цртани филмови.
Срдечен поздрав…
Имам проблем, можеби тоа за некого и не е некој голем проблем но кој има мали деца и тоа како е. Поготово ако децата се мали а родителите раб


