Денес е петок и во Лабуништа е џума, ден за посета на џамија. Е токму на овај ден не посети – Радмила Шеќеринска за да покаже дека овој народ што е излезен е излезен на улица за неа!Госпоѓо Шеќеринска, среќни сме што не посетивте но не знам како стигнавте во Лабуништа? Па вас и вашата партија не и текнало на Лабуништа одамна! Последно вашите сопартијци беа тука во 2004 за да не убедувате дека референдумот не смее да успее и дека некои прашања не заслужуваат одговор! Тогаш ја изгубивме општината!
Сега идете повторно – не знам и не сакам да знам што е на ред да изгубиме сега , г-ѓо Шеќеринска!
Јас сум скромен човек, немам некое образование, имам 3 деца, две ми се странство а едното ми е мажено тука. Сакам да ви кажам нешто. Гласам од првите избори, сум ве поддржал и вас, сум поддржал и ДУИ бидејќи давале ветувања за развој за вработување, сум гласал и за Сеља бидејќи ветуваше дека Лабуништа немат да е заборавено од него како што беше од Рамиз Мерко! Но да ви кажам дека секој пат сум грешел! Секој пат сум се каел за мојот избор!
Се што е направено во Лабуништа е направено до моментот кога ја изгубивме општината. После тоа најголема инвестиција е јарболот што е поставен со албанското знаме. Немам против нека има знаме, нека има, ама најпрво нека направат нешто за Лабуништа, нека се изградит нешто, нека има работни места, нека се направи нешто за селото. Нас ни требаат луѓе кои се ЛУЃЕ а не мора да се партиски! Да бидат за ЛАБУНИШТА! Не мора ни да се од Лабуништа но да сакаат да направат нешто добро!
Денес ни дојдовте да ни кажете дека имате план! Абе арно имате план, и порано сте имале, ама не го спроведувате! Тука е проблемот! Барате глас повеќе и потоа ве нема до следни избори!
Е сега да ви кажам јас како постар неколку работи кои ги мислам!
Во ова наше село ВМРО-ДПМНЕ никогаш немало гласови. Имаа нешто малку од православните но никогаш немало повеќе од 50тина гласа. Последните избори ветија нешто за Лабуништа, ставија кандидат кој има потекло по мајка од Лабуништа ама никојпат не живеела Лабуништа па некако собраа 250 гласа. Тука некаде.
Пазете, другите партии земаат по 1000, 2000 гласови а овие 250 добија.
Е сега тоа беше пред 2 години!
За овие две години, овие кои добија најмалку до сега покажаа најмногу. Може да се лажеме колку сакаме ама да бидеме прави! Амбулантата ветија дека ќе ја направат и ја направија. Не само тоа но и вработија доктори, и сите ние барем постарите знаеме колку е важно да имаш тука каде да појдеш да имаш прва помош, да има комбе и дежурни доктори.
Ветија игралиште, игралиште направија на отворено.
Ветија сала и сигурен сум дека ќе ја направат бидејќи веќе почнаа. Знаете ли што значи сала за Лабуништа? Да има децава каде да спортуваат, да има екипи кои ќе спортуваат ракомет, кошарка, одбојка.. да имаме репрезентативци од Лабуништа. Пак за Лабуништа прават, а НЕ се од Лабуништа!
Да кажувам понатаму колку деца се вработија. До сега по 1000 гласа ќе земеа и само еден ќе искористеше. Без разлика дали тоа е ДУИ, ПЕИ, СДСМ, ДПА… сите иста приказна. Еве нека ме поправат ако грешам но дали ВМРО-ДПМНЕ досега вработи најмногу Лабуништани во институциите по Струга? Јас викам дека овие што добија само 250 гласа покажаа дека ја заслужуваат нашата доверба и јас повеќе не гласам за ЌЕ НАПРАВИМЕ!
Јас нема повеќе да гласам за ветување! Ќе гласам само ако некој нешто направил за селото!
Денес не е прашање дали си Албанец, Муслиман, Македонец, Турчин.. прашањето е дали си за ЛАБУНИШТА или не те интересира! Ако сме за Лабуништа треба овај пат да гласаме сите за ВМРО-ДПМНЕ! Зошто ме прашуваат многу луѓе па да им кажам – па овие будали види колку направија во Лабуништа за 250 гласа што добиле, па замисли ако им дадеме 1000 или 2000 што ќе направат!?
Сакам да ги поздравам сите партии, не е ова насочено против никого и немојте да ми се лутите! Јас зборвам реално и чесно и ако не сум во право може да не се согласувате но јас зборвам за доброто на Лабуништа.
Со почит,
(Името е познато на редакцијата на struze.mk)Госпоѓо Шеќеринска, среќни сме што не посетивте но не знам како стигнавте во Лабуништа? Па вас и вашата партија не и текнало на Лабуништа одамна! П