ПИСМО ОД ЧИТАТЕЛ: Го прегазија татко ми и го оставија да искрвари на сред пат!

Порталот „Комуникација“ објави писмо од читател кој најверојатно раскажува детали за сообраќајна несреќа која се случила на регионалниот пат Јасеново. 
Еве што читателот на „Комуникација“ напиша во своето писмо: 
Здраво јас сум ваш редовен читател и би ве замолил ако може да ја покриете сообраќајката во која тешко е повреден татко ми, на регионалниот пат Јасеново, утрово во 5.30 часот кога возејќи се со скутер биле прегазени од „Тамче“ и оставени од шоферот. На тој пат има мало движење и шансите да ги најде некој и да им помогне се минимални. 
Значи шоферот побегнал од местото на настанот, а татко ми со преполовена нога, од која прскала крв и шоферот на скутерот се довлекле некако до болницата Јасеново, каде му е пружена прва помош, а потоа е однесен на операција која траела 3 часа .Крвава трга има од местото на настанот до болницата. Татко ми крварел обилно цело време.
Значи ви пишувам затоа што шоферот побегнал од местото на настанот, а некои локални портали не го споменуваат тоа и ми е страв дека има обид за прикривање на вистината и несанкционирањето на шоферот кој побегнал од местото на настанот. Чин кој мора како заедница да го осудиме и да влијаеме ние и вие како медиуми дека тие работи не може да поминат неказнето. 
Да удриш млад човек од 30 години и пензионер и да ги оставиш на непрометен пат, повредени и да избегаш, е за НАЈГОЛЕМА ОСУДА од целото наше општество. Само Господ го спасил татко ми да стаса некако до болница и да не искрвари доп смрт… 
Димче Ачков 
 
Извор. Комуникација.мкПорталот „Комуникација“ објави писмо од читател кој најверојатно раскажува детали за сообраќајна несреќа к

Пронајдете не на следниве мрежи: