Писмо од читател: Учениците се незадоволни од екстерното тестирање

Еден наш читател ни испрати писмо поврзано со екстерното тестирање, во продолжение може да го прочитате:
„Скоро сите ученици во Р.Македонија се незадоволни од екстерното тестирање бидејќи на сите ученици им се намалија оценките.Со екстерното тестирање ја добиваме годишната оценка,а на тестирањето имаше само 30 прашања,а 30 прашања можеме да извадиме само од една тема.Ученик кој по некој предмет имал се петки,а на екстерното тестирање погреши и добие помала оценка,таа оценка како последна или крајна оценка ќе му се напише.А ученик кој по некој предмет имал се единици и на екстерното тестирање на среќа добие многу повисока оценка тогаш таа оцека ќе му стои во сведителството што е нереално.Нереално е бидејќи професорите се секој ден со учениците тие гледаат кој колку работи на часовите,кој колку учи,кој е активен и така натаму.А на екстерното тестирање ученикот ако добие повисока оценка или помала оценка од таа што ја има тогаш тие оценки им остануваат.Исто така на тестовите имало и прашања по други предмети т.е на тестот по основи на мерење и логички кола имаше само 4 прашања од предметот а останатите прашања беа од електроника и од пракса.“Еден наш читател ни испрати писмо поврзано со екстерното тестирање, во продолжение може да го прочитате:

Пронајдете не на следниве мрежи: