Писмо од едно девојче го трогнало овој татко. Неговиот одговор е уште потрогателен

Татковците имаат посебен и заштитнички однос кон своите деца, а посебно се слаби  на девојчињата. Еден татко примил  порака наменета за таткото на друга девојка и во трогателникот одговор одбјаснил како секој татко треба да ја гледа својата ќерка.Драга Стеф,
Во саботата пронајдов пластична ќеса на влезот од гаражата во мојот двор. Помислив дека е ѓубре, кое ќе го соберам и ќе го фрлам. Но не го сторив тоа.
Кога престана дождот поминав уште еднаш покрај гаражата, помислив дека  би можел да го фрлам, но потоа  видов дека не е ќеса туку хартија на која пишуваше нешто.
На хартијата пишуваше: „Тато те сакам. Многу ми недостигаш. Стеф“
Размислував за тоа цел ден. Размислував за тебе, твојот татко, за тоа што се случило и зошто  не сте заедно. Претпоставив дека твојот татко починал.
Размислував за тоа и додека ја легнував ќерката, додека ја носев  на часови по балет… се прашував  дали си сакала да ја испратиш пораката на татко ти , а потоа помислив  тоа што твојата порака слетала токму во мојот двор на некој начин   е одговор од твојот татко, бидејќи и јас сум татко.
Потоа сфатив дека моите три девојчиња еден ден нема да можат  да ме повикуваат од скалилата, да ми седат в скут додека им читам. Можам да замислам дека и тие еден ден  ќе испратат писмо како твоето. Знам дека би сакал, доколку се случи тоа,  и нив некој татко да им одговори.
Па  драга Стеф, еве неколку  работи кои би ти ги кажал доколку  јас ти бев татко. Неколку работи кои  сакам да им ги кажам и на своите ќерки.
Секогаш те сакав
Од првиот момент кога те зедов  во раце знаев дека во мојот живот нема да постои посилна врска  од онаа  која ќе ја имам со тебе. Знам дека го знаеш тоа но ќе ти кажам уште еднаш: Те сакам! Вчера, денес и утре. Засекогаш.
Бескрајно се гордеам со тебе
Знај дека татко ти  сакал да ти  каже „многу се гордеам со тебе! Ти си прекрасна жена“. Знам дека сакал да ти каже и дека  би сакал да биде со тебе сега. Би сакал да живееш живот полн со љубов и среќа.
Сакам да живееш добар живот
Доколку  можеш да го промениш светот, направи го тоа. Доколку можеш да се промениш на подобро, направи го тоа. Направи место за семејството и пријателите. Биди среќна.
И на крај драга Стеф,
Тоа што ти толку го сакаш својот татко е знак  дека и тој тебе те сакал. Тој сега не е тука, но прифати ја љубовта која ти ја пружаат  луѓето околу тебе. Никој никогаш нема да те сака колку твојот татко, но доколку  допуштиш  некои други луѓе можат да ти го исполнат животот со радост.
Љубовта е  силна колку и смртта. Подеднакво непобедлива, моќна, силна. Смртта не може да се избегне. Нема да биде заборавена. Но кога смртта ќе помине, љубовта сепак останува.Драга Стеф,
Во саботата пронајдов пластична ќеса на влезот од гаражата во мојот двор. Помислив дека е ѓубре, кое ќе го соберам и ќе го фрла

Пронајдете не на следниве мрежи: