Писмо од Охридскиот Архиепископ Гаврил до Фердинант Хабзбуршки

Ние си дозволуваме на Вашата благородничка светлост како (на личност) од Бога љубена, христијански и католички благородник, понизно да му се пожалиме од тиранинот, жеден за крв и прогонител на христијанството…….

СРЕДА, 18 МАРТ 2015   

Писмо на Охридскиот Архиепископ Гаврил до Фердинанд Хабзбуршки

На пресветлиот и високороден благородник и господар, господинот Фердинанд, надвојвода на Австрија, војвода од Бургундија, Штаерска, Крањска, Корушка и Витемберг…
Пресветол надвојводо, милостив благороднику и господине!
…Ние си дозволуваме на Вашата благородничка светлост како (на личност) од бога љубена, христијански и католички благородник, понизно да му се пожалиме од тиранинот, жеден за крв и прогонител на христијанството, Турчинот, којшто нас и нашите претци од ден на ден неж прогонува и уценува, не само нашите православни и стари католички бискупи, манастири и ним слични, во цела Македонија, Грција и околни-те земји, туку и нашите овдешни верни поданици, над кои ние владееме и кои суштествуваат по божја воља, се на удар, така што за нас и нашите (поданици) е од голема штета, а пред сеж им штети на името и славата Христова, му пречи на ширењето на неговото учење и него го спречува.
Затоа имаме потреба  итно да неж упатите најпрвин во Германија, а потоа и на Неговата Папска Светост во Рим, за да молиме понизно за христијанска помош. Зашто, како што веќе реков, делумно сме ограбени и имамем сосема мали примања…
…Поради тоа нашата понизна молба и барање до Вашата Благородничка Светлост, како посебен пријател на сиромашните и поробените, е поради приведените причини и милост, да благоизволи да не дарува со својата помош и пари.
Господ… Богато ќе ја награди Вашата Благородничка Светлост. Ние се препорачуваме на Вашата милост и молиме нашето барање да се оствари колку што може побргу, бидејќи со 11 коњи и 13 луѓе имаме големи давачки и од кои едвај ќе може да се заздравиме.
Гаврил, со божја милост архиепископ и патријарх на патријаршијата потврдена од царот Јустинијан. Меѓу нашите области го имаме Охрид, со кого се именуваме, понатаму меѓу нашите земји ги имаме Бугарија, Србија, Македонија, Олтенија, Ботанија и унгарска Влашка.
Инсбрук, 8 октомври 1587”
(Охридскиот архиепископ Гаврил И, кон крајот на  16 век ги посетил Русија, Полска, Чешка, Германија барајќи разновидна помош за својата црква, нНа пресветлиот и високороден благородник и господар, господинот Фердинанд, надвојвода на Австрија, војвода од Бургундија, Штаерска, Крањска, Корушк

Пронајдете не на следниве мрежи: