Писмо од патничка на Титаник: Изгледа дека погрешивме што се спасивме!

Бостонската аукциска куќа RR Auction понудила на продажба писмо од богата преживеана жена која била патничка на Титаник во кое изразува незадоволство поради „срамниот“ третман во медиумите.Вредноста на документот се проценува од 4.000 до 6.000 долари.
Луси Даф-Гордон и нејзиниот сопруг биле меѓу 12-те кои преживеале затоа што влегле во чамец за спасување кој можел да собере 40 луѓе. Притоа тогаш медиумите пишувале дека Козмо Даф-Гордон го потплатил екипажот да ги одведе на сигурна и да не се враќа по патниците кои биле во водата- па така бил наречен Бродот на парите.
А фактот дека Козмо обезбедил место во чамецот број 1, додека во водата имало толку жени и деца кои патувале во трета класа, како и гласините дека потплатил за услугата, предизвикале голем скандал.

„Изгледа погрешивме што се спасивме. Срамота- напишала Луси во писмото кое им го испратила на пријателките.
После истрагата од специјалната комисија, сите обвиненија против семејството се отфрлени како неосновани.

А Козмо веќе никогаш не го повратил некогашниот углед, но Луси успешно продолжила да ја води својата модна куќа. Вредноста на документот се проценува од 4.000 до 6.000 долари.
Луси Даф-Гордон и нејзиниот сопруг биле меѓу 12-те кои преживеале затоа што

Пронајдете не на следниве мрежи: