ЕКСКЛУЗИВНО: Отворено писмо до пратениците од Македонија!!!

Ексклузивно до нас е испратени писмото кое утре ќе му биде врачено на Крсто Мукоски пратенико, а потоа наредните денови и на останатите пратеници кои гласаа за да се отпочне промената на Уставот и промената на името на Република Македонија.
Отворено обраќање до пратеникот __________________
Ние претставниците на Големата сенародна коалиција за Спас на Името и Уставот на РМ се обраќаме преку ова отворено писмо до Вас со повик да се вразумите и добро да размислите како ќе гласате во Парламентот.
И на Вас и на нас ни е јасно дека Македонскиот народ не подржува вакво срамно и насилничко менување на името, бришење на АСНОМ, бришење на идентитетот и
нашата културна и историска посебност. На референдумот народот си го кажа своето мислење и изрази став кој Вие сте должни да го почитувате.
Фото: извор Твитер
На сите ни е јасно дека бевте изложени на притисок и закани кои не успеавте да ги издржите. Дел од вас беа пуштени од домашен притвор самиот ден кога требаше
да се изгласа почетокот на процедурата. Тоа го нема никаде на друго место во цивилизираниот свет. Државата со вакво владеење ни се претвори во пример за потсмев
и секаде сме посочувани како „ненормална“ држава. Вие сеуште имате можност да се исдвоите и издигнете над сево ова. Слушнете го крикот на народот.
Слушнете го шепотот на минатите генерации. Потсетете се на жртвите кои ги положија своите животи на олтарот на битката за своја држава – Македонија.
Со кое право ова ќе го менувате? Кога ве гласаа за ова ли ве избраа??
Дигнете глава. Ние сме со вас. Ако ви се закануваат НАРОДОТ ЌЕ ВЕ ЧУВА. Никој не може да оди против народот. Излезете со нас. Простено ќе ви биде.
Дојдете да ја спасиме Македонија заедно и да не бидете запаметени како предавници и изроди на сите наши поколенија. Сега веќе нема простор за играње
на две столчиња. Или сте со народот или вечно ќе бидете запаметени како негови сатрапи.
Сетете се во тишината на ноќта на легендарните зборови на Брашнаров со кои е отворено заседанието на АСНОМ: „Во овој момент, во ова историско место
„Св. Отец Прохор Пчински” и на овој историски и свет ден Илинден, кога објавувам да е отворено Првото антифашистичко собрание,
со радост и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња до Вардар, од Места и Бистрица,
заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропаста на Самуиловата држава,
за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава…..” и инспирирајте се од неговата визија и борба.
Фото: извор Твитер
Не не предавајте, не не продавајте.
Не започнувајте нови десет века ропски срам.
Излезете со нас, елате да се прегрнеме и заедно да се избориме за нова надеж. Нема да биде лесно, но нема да сте сами.
Со вас ќе бидат милиони Македонци од Македонија и целиот свет. Ќе ве славиме како Брашнаров еден ден. Не дозволете да ве запаметиме како Коте од Руља,
и не дозволувајте други држави да ви подигаат споменици како нивни херои.
Да живее Македонија.
Вечна Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.