Терористичкиот напад врз Куманово кој се случи на 9 и 10 Мај минатата година, остана крвава мистерија за Македонците. Кој ги организирал, кој ги поддржувал, чие било сценариото и која била крајната цел.За време на терористичкиот напад, но и по истиот, различни интересни групи, политичари и медиуми главно од сороспискиот и опозициски табор, даваа разни информации со кои ја лажеа јавноста, брутално манипулирајќи со човечките судбини, и радувајќи се на жртвата која ја дадоа Македонските бранители.
Вистината позади терористичкиот напад, како што тврди командантот на терористите Мухамед Краниќи познат како командант Малишева ја раскажува во отворено писмо кое го напишал од затворот во Прилеп, каде што чека судење за тероризам.
Според него, тој и неговите соборци од УЧК на Косово и Македонија го почувствувале развојот на настаните во Македонија, благодарение на политичката криза која ја создал Зоран Заев со објавувањето на “бомбите”, а за нив тоа бил поволен момент да го отворат прашањето за дезинтеграцијата на Охридскиот Рамковен договор и наводната дискриминација на Албанците во Македонија.
Според терористот, 14 години од потпишувањето на Охридскиот договор, само 14% од истиот бил исполнет, а било договорено да се исполни за само три години, што според него Албанците би требало да чекаат 140 години за да се исполни во целост.
„Сите горенаведени причини се мотивот поради кој ја рестартиравме УЧК. За оваа иницијатива Мирсад Ндрецај и Ризај Бег шест месеци работеа на мобилизација на борците. Но важно е да се спомене дека мобилизацијата беше побарана од Албанци во Македонија, кои бараа што поскоро да се организира одбрана со која ќе можат да ја бранат Албанската популација. Кога започнаа “бомбите” на Заев, државата почна да се движи кон дестабилизација, и тогаш ги испративме наредбите за мобилизација но да целата операција да биде тивка и да се чека момент кога ќе се појавиме и ние на сцена. Оваа група имаше повеќе Албанци од Македонија отколку од Косово. Но локалните жители избегнуваа да се борат, бидејќи се плашат од теренот, и тогаш бевме фатени од полицијата. Но, ние бевме накодошени, откриени, националниот идеал беше предаден. Бевме фатени на спиење, со околу 1000 специјалци кои не опколија. Тие немаа наредби да не апсат туку да не убијат, физички да не елиминираат. Ние се браневме колку што можеме.” – вели терористот Крансиќи, ака Малишева.
Според него, Мирсад Ндрецај го молел Али Ахмети да фати врски за да се запре акцијата и да не бидат сите убиени, но Ахмети не им дал гаранција.
„Бидејќи борбата не престануваше, Мирсад Ндрецај и Сами Ушкини побараа помош од ОБСЕ, по што беше запрена полициската акција. И тогаш се предадовме, се додека еден од нас не изврши самоубиство поради притисокот кој го чуствуваше.” – вели Малишева.
Тој потоа објаснува дека такви борби и таква спремност на полиција и безбедносни сили не видел во целата негова кариера, а како што вели учествувал во борбите во Косово и Македонија пред 14 години. Според него, Македонските безбедносни служби биле многу ефективни затоа што предвреме ги откриле и елиминирале, но се сомнева дека некој од нивната организација ги предал.
„Она што можам да го потврдам и мислам дека е најважно е дека за активностите на нашата група беа информирани и службите на САД, бидејќи Американците ни биле и ќе ни бидат најдобри пријатели секогаш. Американците само го замолиле Мирсад Ндрецај во нашата група да нема елементи и борци на ИСИС за да не се инволвираат религиски елементи” – тврди Малишева.
„Тогаш Мирсад Ндрецај им ветил на Американците дека нашата група ќе биде нивниот мозок, нивните очи и нивното тело на терен. Ова е вистина. Ние немаме намера да бидеме терористи и да убиваме цивили, нашата цел е да се мобилизираме и да ги заштитиме Албанците во Македонија кои се дискриминирани. Ние не сме ниту првите ниту последните патриоти кои се жртвувале за нашата национална казуа.” – објаснува Малишева и тврди “На крајот сето ова ќе биде конфедерација или федерација на етничка основа во Македонија” – тврди Малишева.
„За Македонците секој Албанец е терорист, секој кој носи амблем на УЧК или има униформа и пушка за Македонците е терорист. Мораме да го запреме ова и оваа логика на Македонците, засекогаш. Затоа ги повикувам Албанците и татковината Албанија, ја повикуваме државата Косово да не дозволува вакви обвинувања за тероризам, бидејќи ние не сме такви. Ние сме борци за човекови права” – апелира Малишева, иако човекот е терорист, се обидува да се испере дека не е.
Впрочем, исто како и Малишева, соросписките медиуми и опозицијата во моментот додека траеа борбите во Куманово, објавуваа дека тоа се цивили, дека не се терористи и дека Македонија треба да ги остави. Од другастрана пак, амбасадорите на САД, Германија, Италија, Велика Британија итн, замолија да не се употребува зборот терористи за овие луѓе, што дополнително ја објаснува ситуацијата, и чија поддршка добиваат овие обични, најобични бандити и терористи.
Потсетуваме дека ТВ Телма тогаш објави дека терористите се всушност цивили со тренерки и пижами, претходно пак соросписките портали објавуваа дека полицијата убила цивили меѓу кои и малолетно девојче, опозициските новинари и гласноговорници објавуваа дека се среќни што загинале Македонски бранители. И сето тоа, кулминираше со посетата на Заев на Куманово каде што се фотографираше со јатаците на терористите.
За време на терористичкиот напад, но и по истиот, различни интересни групи, политичари и медиуми главно од сороспискиот и опозициски табор, даваа р
Пронајдете не на следниве мрежи: