четврток, 12 ноември 2026
Најново

Питбул „заробен“ во тело на теле: Хулк е стар 17 месеци и веќе тежи НЕВЕРОЈАТНИ 78 килограми!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Питбулот кој го носи прикалдното име Хулк, по сѐ судејќи, изгледа дека е најголемиот припадник на својата раса во светот и неверојатно е подвижен и покрај големата тежина.Хулк е само едно од кучињата во сопственост на DDKLINE XXL од Карил во Њу Хемпшир, во чии простории се занимаваат и со дресура на питбулови.
Сопственикот тврди дека кучињата се одгледуваат за да станат совршени чувари на имоти и телохранители, па самиот себеси се пофали како експерт кога станува збор за психологијата на кучињата.
„Лично ги тренирам сите свои кучиња од моментот кога ќе дојдат на свет. Живеат во глутница без било каква ограда, односно физички рестрикции, па мојата улога им дава сигурност и насока“, напишал сопственикот, кој во четвртокот на својата Фејсбук страница потврди дека размислува и за тоа да сними документарен филм за Хулк и неговото настанување.

Додека се чека филмот, погледнете ги овие две видеа за да се запознаете со Хулк и останатите членови од семејството:
Хулк е само едно од кучињата во сопственост на DDKLINE XXL од Карил во Њу Хемпшир, во чии простории се занимаваат и со дресура на питбулови.

Поврзани вести