„Пјер Карден“- Бутик на годината и признание за 20- от роденден

Продавницата за модерна гардероба “Пјер Карден” е првонаградена во категоријата бутици на традиционалното прогласување на најдобрите трговски објекти за оваа година во Скопје. Оваа престижна награда се доделува во рамките на манифестацијата Месец на трговија што Градот Скопје ја реализира во соработка со Агенцијата Swat Research.Наградата за Најдобар бутик во 2015 година, доаѓа и како своевидно признание за дваесетгодишното успешно егзистирање и работење на модната продавница и, воопшто, на позиционирањето на познати интернационални брендови во бутикот “Пјер Карден”, лоциран во Градскиот трговски центар во Скопје.
“Исклучително сме задоволни и чест ни е што сме првонаградени во категоријата Бутици за 2015 година. Ова го разбираме и како награда за сите 20 изминати години, колку што, всушност, го создаваме идентитетот и авторитетот на бутикот Пјер Карден на пазарот. Многу сме задоволни што граѓаните ги препознаваат овие вредности и ни ја даваат довербата и поддршката.”, изјави Ненад Атанасов, Генерален менаџер на Нени Компани, сопственик на бутикот “Пјер Карден”.
Манифестацијата Месец на трговијата, Градот Скопје годинава беше организирана по деветти пат, а целта е да се поттикне развојот на трговијата и занаетчиството и да укаже на потребата од следење на современите текови и примената на модерните технологии во овие стопански гранки.Наградата за Најдобар бутик во 2015 година, доаѓа и како своевидно признание за дваесетгодишното успешно егзистирање и работење на моднат

Пронајдете не на следниве мрежи: