Покрај тоа што ја олеснува психичката состојба, се покажа дека плачењето ја одржува здравата тежина.Според д-р Пит Сулак од Универзитетот во Тенеси, плачот го намалува нивото на кортизол во организмот, што помага за топење на вишокот тежина.
Кортизолот кој се лачи при стрес, е познат по тоа што ги задржува мастите во телото.
Плачењето, исто како потењето и уринирањето, помага и при исфрлање на потенцијално штетните токсини од организмот, па има сеопфатен благотворен ефект. Треба да разликуваме различните видови солзи. Само оние предизвикани од емоциите и стресот, помагаат при слабеење. Солзите од иритација на окото немаат ист ефект. Според Пит Сулак најкорисно е да се плаче меѓу 19 и 22 часот, кога луѓето се во друштво на блиски. За стимулирање на процесот може да се гледа некој тажен филм.Според д-р Пит Сулак од Универзитетот во Тенеси, плачот го намалува нивото на кортизол во организмот, што помага за топење на вишокот тежина.