Плакати со порака до СЈО: Катице дали ви е ова заедничка изјава со Заев?

Плакати со повик до Катица Јанева да не замижува пред правдата осамнаа пред просториите на Специјалното Јавно Обвинителство. На плакатите на кои сликовито е опишана спрегата меѓу СДСМ и СЈО беа испишани пораки со кои се критикува непостапувањето на Јанева по предметите во кои обвинети се Заев и Верушевски.На еден од плакатите се испишани зборовите на Зоран Верушевски од Скајп комуникацијата со неговиот соработник во „Пуч“ Ѓорѓи Лазаревски : „Знаејќи го чадорот не верувам дека ќе останеме заборавени. Имаме големи перспективи.“ „Ќе биде Најверојатно граѓанска војна.“, покрај кои стои прашањето: „Катице, поради ова ли побара да им се укине притворот?“
На друг од плакатите е напишана познатата митаџиска реплика на Зоран Заев: „Едно евро на црквата и едно евро од квадрат ми донесе на мене директно“ кои барем досега не значат ништо за специјалната Јанева. Затоа, авторот на плакатите прашува и потсетува: „Катице треба ли да се одговара за ова?“
„Катице дали ви е ова заедничка изјава со Заев?“ е прашањето на уште еден од плакатите на кој потпишани од Јанева и Заев стојат зборовите: „Македонските судови за мене не постојат. Немам намера да се појавувам на  рочишта“, алудирајќи на изјавите кои јавно ги дале обајцата. Јанева во една прилика соопшти дека за неа судовите во Македонија немаат легитимитет, а Заев во неколку наврати соопштил дека не го признава правосудниот систем и нема намера да се појавува на рочиштата во кои е гонет.
На уште еден од плакатите пред сликата на Зоран Заев е испишано и суштинското прашање кое е очигледно тема на ваквата граѓанска реакција на постапките на СЈО: „Катице до кога ќе замижуваш пред вистинскиот криминал?“
Револтот кој граѓаните се позачестено  го изразуваат кон СЈО,  доаѓа поради непрофесионалноста и крајната исполитизираност на оваа Обвинителство. СЈО наместо да се занимава со истражување на реален криминал се претвара во партиски огранок на СДСМ, кој одржува прес конференции кога рејтингот на Заев и СДСМ ќе започне стрмоглаво да опаѓа.
Пресконференциите на СЈО во  целост се поклопуваат со партиските читања на бомбите на Заев, полни се со чисти претпоставки, клевети и навреди. Граѓаните се револтирани и ова очигледно е еден од начините преку кои ја искажуваат својата критика кон исполитизираноста на СЈО.
На еден од плакатите се испишани зборовите на Зоран Верушевски од Скајп комуникацијата со неговиот соработник во „Пуч“ Ѓорѓи Лазаревски

Пронајдете не на следниве мрежи: