Пламен Јотински, главниот уредник на агенцијата БГНЕС во Бугарија излезе со своја анализа за изборите во Македонија.Долгоочекуваните предвремени парламентарни избори во Република Македонија завршија. Резултатите соочат земјата пред нови предизвици и опасност од нови блокади од страна на опозицијата во лицето на Зоран Заев поради редниот му неуспех.
Долгоочекуваните предвремени парламентарни избори во Република Македонија завршија. Резултатите соочат земјата пред нови предизвици и опасност од нови блокади од страна на опозицијата во лицето на Зоран Заев поради редниот му неуспех.
Завршија долгоочекуваните предвремени парламентарни избори во Република Македонија. Резултатите ја соочуваат земјата со нови предизвици и опасност од нови блокади од страна на опозицијата водена од Зоран Заев поради повторниот неуспех.
Иако предноста на ВМРО-ДПМНЕ пред опозицискиот Социјалдемократски сојуз / СДСМ / е „тесна“, треба да признаеме дека оваа партија постигна достоен резултат имајќи ја предвид двегодишната тешка артилерија против нив преку т.н. “Бомби на Заев”, меѓународниот притисок, притисокот на социјалните мрежи, создавањето на вонинституционални структури како СЈО на Катица Јанева и најмногу преку прелевањето на десетици илјади албански гласови во корист на СДСМ.
Практично партијата на Заев добива пет мандати од албанскиот електорат, нешто што не се случило никогаш во независна Македонија. Кон сето ова треба да се додаде и вметнувањето на опозицијата во управувањето со земјата на мала. СДСМ доби министерски позиции во клучни сектори како Министерството за внатрешни работи и влезе во управувањето со медиумите, без да има добиено мандат од гласачите. Во таа смисла резултатите за ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат прифатени како успех.
ВМРО-ДПМНЕ ќе добие најмалку 51 мандати и најмногу 52. Ова ќе зависи од конечното пребројување на гласовите, каде и сто гласа може да ја свртат ситуацијата во една или друга насока. Но сигурно ќе биде победа на партијата со најмногу гласови, без разлика на тоа дали разликата со СДСМ ќе биде 1,2 или 3 мандати.
Најтешки турбуленции, поради сценариото на СДСМ, има во албанскиот блок, каде што почна ерозијата на партијата на Али Ахмети, ДУИ, која ќе има само 10 мандати. Сигурно ова ќе бидат последните избори, на кои Ахмети ќе биде најголемиот албански фактор во земјата. Беса е следниот клучен играч, а особено по следните избори. Овие изборни резултати се добра основа за формирање на влада со ограничен мандат меѓу 6 и 9 месеци. Ако новиот кабинет биде формиран кон крајот на оваа година, тогаш следните предвремени парламентарни избори може да се одржат во јуни или септември следната година.
Во овој период очигледно и во двете водечки македонски партии ќе има чистење. Сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ сосема логично нема да прифати да биде премиер на земјата и ќе го отстапи местото на експерт кој ќе ја води земјата до јуни-септември. Во овој период новата влада ќе ги изврши сите потребни реформи и ќе ја подготви земјата за нови избори, но овој пат без “товарот од минатото и обвинувањата за недостаток на напредок” од страна на меѓународниот фактор. Во исто време владата нема да се занимава со решавањето на стратешките прашања на земјата, што нема да му создава надворешни непријатели. Со својот политички коментар вчера за време на гласањето во родниот град Гевгелија, Катица Јанева, претседателот на Специјалното Јавно обвинителство, практично призна дека таа во следните месеци ќе продолжи да дејствува како коалиционен партнер на опозицијата. Сигурно ќе има и повици за создавање на уште една вонинституционална структура – Специјален суд. Тоа, сепак, сигурно нема да доведе до очекуваниот ефект, а, напротив, ќе потсети за многу мрачен период од минатото на Република Македонија.
При ваква состојба, улогата на претседателот Ѓорге Иванов ќе биде во преден план и тој ќе мора да покаже не само државничко размислување, туку и однесување. Ќе треба да го блокира секој обид за дестабилизација на земјата и да ги заштити националните интереси на државата. Ако вчерашните избори се сметаа за најсуровите за ВМРО-ДПМНЕ, тогаш е логично следните во јуни-септември да бидат во нејзина корист и таа да го добие потребното управувачко мнозинство. А на следните избори, ВМРО-ДПМНЕ за прв пат ќе има и десен албански партнер во лицето на Беса и ДПА, а не, како што беше досега, енверист и ленинистички револуционер во лицето на Али Ахмети. Во следните месеци сигурно ќе има потреси и во СДСМ, каде Зоран Заев речиси сигурно ќе загуби битката со Стево Пендаровски. Неговите вчерашни “прослави за победата” во центарот на Скопје беа обид да ги прикријат тешките противречности во седиштето на поранешните комунисти. Во негова помош веднаш ќе дојде “вечниот стратег” и поранешен агент на државните служби Љубомир Фрчкоски, кој ќе ја продолжи улогата на татко на нови “изуми за институционално блокирање на Македонија”. Во полза на стабилизирање на нашиот западен сосед ќе има и неколку меѓународни и регионални фактори.
Извор: БГНЕСДолгоочекуваните предвремени парламентарни избори во Република Македонија завршија. Резултатите соочат земјата пред нови предизвици и опасност од н