По повод затворањето на манифестацијата НКС ,,Десет Дена Крушевска република “ 2016 Пламенка Трајковска – гудачки квартет ќе настапат во Крушево на 10 август (среда) со почеток во 20.30. часот пред споменикот ,,Македониум”.На програмата се композиции од класичниот репертоар во кросовер стил и македонски традиционални теми во музичка креација за гудачки квартет.
Композициите на познатите композитори Ј.С. Бах, П.И Чајковски, Ж. Бизе како и традиционалните македонски песни Ој Девојче, Митра је коња јавала ќе бидат изведени на концертот кој претставува исклучително музичко шоу во кој гудачкиот квартет ја донесува класичната и македонската традиција пред публиката на интерактивен и мултимедијален начин. На концертот гудачкиот квартет користи специјално озвучување, сценско движење кореографија и видео проекција.
Во гудачкиот квартет покрај Пламенка Трајковска ке настапат и Наташа Диденко на виолина, Сања Смилеска на виола и Магдалена Поповска на виолина.На програмата се композиции од класичниот репертоар во кросовер стил и македонски традиционални теми во музичка креација за гудачки квартет.