среда, 25 ноември 2026
Најново

Пламенка Трајковска – гудачки квартет – Концерт по повод затворањето на манифестацијата НКС ,,Десет Дена Крушевска република” 2016

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По повод затворањето на манифестацијата НКС  ,,Десет Дена Крушевска република “ 2016 Пламенка Трајковска – гудачки квартет ќе настапат во Крушево на 10 август (среда) со почеток во 20.30. часот пред споменикот ,,Македониум”.На програмата се композиции од класичниот репертоар во кросовер стил и македонски традиционални теми во музичка креација за гудачки квартет. 
Композициите на познатите композитори Ј.С. Бах, П.И Чајковски, Ж. Бизе како и традиционалните македонски песни Ој Девојче, Митра је коња јавала ќе бидат изведени на концертот кој  претставува исклучително музичко шоу во кој гудачкиот квартет ја донесува класичната и македонската традиција пред публиката на интерактивен и мултимедијален начин. На концертот гудачкиот квартет користи специјално озвучување, сценско движење кореографија и видео проекција. 
Во гудачкиот квартет покрај Пламенка Трајковска ке настапат и Наташа Диденко на виолина, Сања Смилеска на виола и Магдалена Поповска на виолина.На програмата се композиции од класичниот репертоар во кросовер стил и македонски традиционални теми во музичка креација за гудачки квартет. 

Поврзани вести