Нашата македонска виолинистка Пламенка Трајковска ќе оддржи концерт со наслов ,,Бела виолина” во петок 16 септември на плоштадот ,,Мајка Тереза” (плато пред МОБ) со почеток во 20.30 часот.На концертот Пламенка Трајковска ќе изведе познати теми од класичниот репертоар во кросовер стил од познатите композитори Ј.С.Бах, Ј.Брамс, П.И Чајковски, Хендел и други композитори од класичниот репертоар и композиции од познатиот албум на Пламенка Трајковска ,,Апасионато”. На концертот Пламенка ќе изведе и нумери инспирирани од македонската фолклорна музичка ризница во обработка за соло виолина и неколку современи рефрени. Концертот е во комплетно современа и атрактивна музичка рамка со сценски движења, интеракција и видео проекција. Специјални гости на концертот се танцова двојка во состав Ана Урумовска и Александар Митров.
Доближувањето на класичната музика до најшироката публика е главна мисија на Пламенка Трајковска. Таа смета дека изведбата на квалитетни концерти на отворени простори е важен елемент во креирањето на нова публика и продлабочување на релациите со постојната публика на класичната музика. Ова е извонредна можност за посетителите и за случајните минувачи на концертот да уживаат во бесплатен концерт на отворено во центарот на Скопје.
Концертот е во рамките на проектот Скопски летен ритам” во организација на Конгресен центар Александар Македонски Скопје – Универзална сала.
На концертот Пламенка Трајковска ќе изведе познати теми од класичниот репертоар во кросовер стил од познатите композитори Ј.С.Бах, Ј.Брамс, П.И Чај