Две лица утринава загинале, откако со теренско возило влетале во Златарско Езеро на патот кон Златибор.Две лица загинаа откако теренско возило со регистрации од Пријепоље, Србија утрово влетало во Златарското Езеро на петтиот километар од патот Варош – Златибор, јавуваат српските медиуми.
Според неофицијални информации, двете лица загинале на лице место, додека едно лице успеало да излезе од возилото и да исплива од езерото.
Наводно, станува збор за вработени во локалната туристичка организација кои најверојатно патувале кон планинскиот врв.
Две лица загинаа откако теренско возило со регистрации од Пријепоље, Србија утрово влетало во Златарското Езеро на петтиот километар од патот Варош