Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во вчерашното интервју на ТВ 24 Вести отворено се закани со убиства на политичари, ладнокрвно изјавувајќи дека „нема ништо страшно ако политичари загинат“.Во неколку наврати високи функционери на СДСМ се закануваа со насилства во Македонија, меѓу кои и членот на Извршниот одбор на СДСМ Едмонд Адеми кој напиша дека „Дур не се пролее крв по улици, ниту режим паѓа, ниту слобода се стекнува“
Подолго време политичките аналитичари и безбедносни експерти предупредуваат дека во Р.Македонија се припрема крваво сценарио од страна на СДСМ и сепаратистот Зоран Заев кое би требало да се одвива за денот на изборите, односно веднаш по изборниот ден.
Постои сценарио за политички и безбедносни инциденти кои би требало да се реализираат пред или на самиот ден на изборите, предупредува новинарот и аналитичар Васко Ефтов во неговата последна емисија „Во Центар“ каде што ги анализира политичко-безбедносните предизвици во кои влегува Македонија во периодот пред претстојните предвремени парламентарни избори.
Според Ефтов, спроведувањето на ваквото сценарио би значело влез во еден доста нестабилен политички процес по 11 декември.
Постои едно политичко сценарио. Се надевам дека нема да биде реализирано, но треба да ги знаеме контурите на тоа политичко сценарио. Тоа подразбира одредени политички и безбедносни инциденти. Можеби пред изборите или на самиот ден на изборите. Тоа би значело влез во еден доста нестабилен политички процес по 11 декември. Тоа подразбира можно формирање на широка влада или можно барање, ако победи ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски да не биде новиот премиер. И таа политичка тензија треба да трае се до локалните избори и тоа дополнително да ја истошти Македонија да стане нестабилна и во еден клучен момент кога ќе се решаваат односите меѓу Америка и Русија, можеби и Турција, Македонија да биде доста кревка и доста нестабилна, и како таква да влезе во тие политички разврски на Балканот.Во неколку наврати високи функционери на СДСМ се закануваа со насилства во Македонија, меѓу кои и членот на Извршниот одбор на СДСМ Едмонд Адеми ко
Пронајдете не на следниве мрежи: