Пиете ли вода од пластични шишиња за повеќекратна употреба? Има нешто што треба да знаете.Според резултатите од една неодамнешна студија, микробите кои ќе ги најдете во четири различни типови на слични шишиња, ги има во просек 313.499.
Тие буквално формираат колонии во шишињата. За споредба, во играчката на вашето куче има просек 2.937 колонии на микроби.
Според истражувањето, шишето со сламка е најчиста варијанта, следено од шишињата со капаче, потоа оние со цуцла, а најмногу валкано е шишето чиј капак го отворате со влечење.
Најчист материјал, пак е нерѓосувачкиот челик, покажуваат уште резултатите.
Важно е да се знае дека во студијата биле вклучени само 12 шишиња за вода. Покрај тоа, присуството на колонии од бактерии не е гаранција дека ќе се разболите од шишето со вода.
Но, нема да наштети редовно да го дезинфицирате.Според резултатите од една неодамнешна студија, микробите кои ќе ги најдете во четири различни типови на слични шишиња, ги има во просек 313.499.