Двајца работници во градското собрание во Херез де ла Фронтере во Андалузија, Шпанија, биле отпуштени откако било утврдено дека 15 години отсуствувале од работа.Како што навеле тамошните медиуми, во целиот тој период двајцата мажи примале плата, а грешката била откриена кога било утврдено дека извесниот возач и градинар на работеле од јануари 2015 година.
Понатамошното истражување покажало дека периодот на нивното отсуство бил многу подолг и дека последните 15 години воопшто не се ни појавиле на работа.
За овој случај се огласила и Генералната унија на работници, еден од најголемите синдикати во Шпанија, која навела дека работниците едноставно ги искористиле насобраните прекувремени часови, кои ги претвориле во слободни денови и дека целиот случај е сосема легален. Унијата дозволува размена на слобони денови помеѓу работниците, а овие двајца ги искористиле и сите денови на своите колеги.
Од друга страна, Градското собрание образложило дека сака да ги елиминира неправедно стакнатите навики на работниците кои нанесуваат значајна штета како на самото собрание така и на неговите услуги, но и на градската каса.
Во истата покраина минатата година казнет бил 69 годишен Шпанец, откако челниците на јавната служба во која работел откриле дека 6 години не се појавил на работа.Како што навеле тамошните медиуми, во целиот тој период двајцата мажи примале плата, а грешката била откриена кога било утврдено дека извесниот воз