Лидерот на движењето Black Lives Matter ДиРеј Мекесон води револуција за расна и економска правда, но се покажа дека има врски со привилегираната елита против која протестира, објави The American Mirror.Мекесон живее под кирија во дом поседуван од филантропите Џејмс и Робин Вуд, во Балтимор, Мериленд.
Истата адреса ја пријавил за неуспешниот обид да се кандидира за градоначалник на Балтимор.
Вудови го поседуваат местото уште од 1996 година и се богати донатори во институтот Open Society на Сорос.
Робин Вуд е толку активен, што се издигна до место во управниот одбор на оваа непрофитна организација, која важи за екстремно-левичарска.
Групите на Сорос на неколку наврати покажаа поврзаност со организаторите на движењето Black Lives Matter.
Според Politico, соросовата група The Democracy Alliance е донатор во неколку расни протести што се поврзани со The Black Lives Matter.
Се појавија и документи од Организацијата за Зајакнување и Реформа на Мисури, кои покажуваат дека активистите на протестите во Фергусон по смртта на Мајкл Браун се платени од милијардерот Џорџ Сорос, кој наводно инвестирал 33 милиони долари во ваквите движења.
Во понеделникот излезе и информацијата дека 31-годишниот Мекесон си добивал убава плата, што изнесувала ни помалку ни повеќе, 165 илјади долари за 2 години за позицијата трет надлежен за човечки капитал во движењето со буџет од 4 милиони долари и 56 вработени. По назначувањето на местото, Мекесон изјави: „оваа позиција е за назначување на правите луѓе на право место, и помагање да искусат кариери што ќе им бидат од корист на нашите деца. Се радувам што ќе се вратам во училиштата и ќе ја продолжам работата со цел секое дете во Балтимор Сити да добие светско образование“.Мекесон живее под кирија во дом поседуван од филантропите Џејмс и Робин Вуд, во Балтимор, Мериленд.
Истата адреса ја пријавил за неуспешнио