Платила илијадарче за крема за лице, а добила…

Платила скапо за крема, но добила само празна кутија, се пожали Анета од Радишани која вели дека освен што била измамена, кога им ја вратила кутијата продавачките уште и и се изнавикале, пишува Вечер. Од Пазарната инспекција и Организацијата на потрошувачи велат дека ваквите ситуации тешко се докажуваат, па затоа граѓаните треба да читаат и да проверуваат што купуваатКога се има многу пари не е проблем, но кога со последните пари ќе се купи потребната козметика, а ќе се добие само празна кутија е тогаш е проблем. Ова им се случило на неколку скопјанки кои велат дека не верувале дека може да платат за празна кутија и да нема каде да се пожалат бидејќи останале и без пари и без производот. Анета К. од Радишани вели дека како и секогаш отишла во дуќанот да ја купи кремата за лице што редовно ја користи, а притоа си купила и други производи.
– Кога се вратив дома сакав да ја отворам и да си ставам од кремата на лице, но кога видов кутијата беше празна. Кога се сетив дека ја платив илјада денари ме здоболи. Решив да отидам и да им ја вратам кутијата и да си ги побарам парите назад или пак да ми дадат кутија со крема во неа. Но, наместо на извинување наидов на остар тон од продавачките кои почнаа да ме напаѓаат дека може сум си ја извадила, па сега сакам уште една гага да си добијам, раскажува Анета.
Слична ситуација имала и Александра Анастасова од Карпош кога си купила две бои за коса.
– Отидов дома и гледам во едната кутија ја нема бојата, а ја платив двесте денари. Се изнервирав, се вратив во продавница и им кажав дека ја немаше бојата. Продавачките ми се изнавикаа дека јас сум си ја зела и уште поизнервирана си се вратив дома. Потоа си купив уште една, вели Александра.
Во случај кога на потрошувачите ќе им се продаде производ кој го нема во кутијата, од пазарна инспекција велат дека се смета за измамничко однесување. Сепак, посочуваат од таму, многу тешко може да се докаже кој е во право.
– До нас досега нема пристигнато ваква поплака. Сепак оваа поплака е многу слична на онаа кога се купува производ, а не се чита што има во декларацијата. Проблемот на нашите граѓани е што во земјава многу малку има навика кај граѓаните да читаат и да проверуваат што купуваат. После тоа тие се немоќни, продавачот си е заштитен. Затоа и ние планираме во наредниот период да излеземе со кампања со која сакаме да ја подигнеме свеста кај граѓаните да читаат во декларациите, да знаат што купуваат, да не бидат изманипулирани, вели директорот на Пазарна инспекција, Кирил Миноски.
И од Организацијата на потрошувачи посочуваат дека граѓаните треба да бидат внимателни.
– Кај нас немало вакви поплаки, но ние најчесто и не прифаќаме поплаки кои тешко се докажуваат. Може, на пример, во случајот ова да е дело на конкуренцијата да обвинува. Потрошувачите треба да си ги знаат своите права и ако може да проверат пред да го купат производот, истакнуваат од организацијата.
Извор: ВечерКога се има многу пари не е проблем, но кога со последните пари ќе се купи потребната козметика, а ќе се добие само празна кутија е тогаш е проблем

Пронајдете не на следниве мрежи: