„Платив да ја КИДНАПИРААТ мојата ќерка и МИЛО ми е што го сторив тоа“

Една мајка по псевдонимот Реј Џонсон го раскажала своето искуство поради кое  во коментари ја нападнале  дека е најлоша мајка на светот. Прочитајте зошто  го киднапирала своето родено дете и пресудете сами.„Беше три наутро. Влегов во спалната соба на својата ќерка, ја разбудив, ѝ кажав дека ја сакам и дека  наскоро ќе оди на пат, беше во бунило од апчињата за спиење кои  ѝ ги подметнав во пиењето неколку часа претходно. Тогаш двајца странци кои ги најмив влегоа во нејзината соба и ја одведоа. Стоев зад вратата и се тресев. Дали штотуку ја изгубив својата 17- годишна ќерка.
Дадов отказ на многу успешно работно место и се преселив на другиот крај од државата за да ги подигнам синот и  ќерката на Флорида. Сакав да им се посветам повеќе бидејќи јас и нивниот татко се разведовме. Се беше прекрасно, но мојата ќерка на 17 години упадна во лошо друштво. Се расправавме постојано. Отсуствуваше од училиште. На крај ја носев до училиште, а таа ми велеше  „можеш  да ме доведеш до училиште, но не можеш да ме натераш да влезам“. Ми кажа дека сака да се отпише и  да стане фризерка.
 Ми бараше пари  за да се запише на курс. Нема ништо лошо во тоа но сакав прво да го заврши средното училиште. Во тоа време полицијата два пати го фати нејзиниот 14- годишен брат бидејќи  поседувал дрога. На крај го пратив во интернат  за да биде под надзор. Кога го посетив видов дека сем смирил. Одлучив дека морам да ја натерам и ќерката да ја промени средината.
Морав да делувам брзо. Таа беше под моја контрола само додека не наполни 18, а тој датум се ближеше.

 
Најмив приватно обезбедување кое со авион ја префрли во пустина во Јута каде имаше специјален камп за обука  и работа со проблематични тинејџери. Тука имаше малолетни детективи,  деца кои се борат  со криминал или зависност, пореметувања во исхраната. Кампот го водат  експерти. Првиот ден кога ја пратив чувствував тага, но и  длабоко во себе знаев дека сум во право. Седум недели беше таму, прежувувајќи исцрпувачки терапии и психички предизвици.
Живеле како во праисторија. Нема вода, само мораш да се снаоѓаш. Некои сами си сечеле косата бидејќи немале како да ја измијат. Им давле да им пишуваат писма на родителите. Нејзините беа полни со извинувања.

После седум недели заминав по ќерката. Беше целата во прашина. Ме прегрна. Го заврши средното училиште и сега се занимава со право. Децата се сегуваат дека сум психо мајка, но му простија и сега сме блиски.
Сега имам две прекрасни деца и повторно би го сторила истото“, заклучува „психо мајката“„Беше три наутро. Влегов во спалната соба на својата ќерка, ја разбудив, ѝ кажав дека ја сакам и дека  наскоро ќе оди на пат, беше во бу

Пронајдете не на следниве мрежи: