Плетенка со сирење и шункаСостојки:
500 гр брашно
350 мл млеко
15 гр свеж квасец
1 лажица шеќер
0.5 дл масло
250 гр свежо сирење
шунка по избор
100 мл кисела павлака
1 лажица сол
2 јајца
Припрема
Ставете го квасецот со 100 мл млако млеко и лажица шеќер.
Припремете 400 гр брашно, ставете масло и припремете го квасецот.
Со остатокот млако млеко замесете глатко тесто. Со остатокот брашно замесете тесто до саканата густина.
Оставете го тестото на топло да се дигне.
Скиснатото тесто поделете го на 2 топчиња. Секоја топка развлечете ја во правоаголник.
Помешајте го сирењето со павлаката и снегот од 2 белки.
По средина намачкајте со половина од припремената смеса со сирење.
Префрлете ги краците од рабовите 2 цм преку филот и исечете од двете страни траки со ширина од 2 цм. Преклопете ги траките околу филот.
Кога плетенката ќе биде завршена наредете ја во подмачкан плех со масло.
Постапката повторете ја и со другата половина од тестото.
Премачкајте со малку разединета жолчка.
Печете додека не порумени.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
500 гр брашно
350 мл млеко
15 гр свеж квасец
1 лажица шеќер
0.5 дл масло