Од следната пролет децата во Скопје ќе можат да се возат и на втор карусел, кој ќе биде поставен на плоштадот „Филип Втори“.Вртелешката ќе ја набави фирмата „Технометал Вардар“, која го доби конкурсот за јавната набавка. Оваа фирма го набави и првиот карусел кој е поставен на плоштадот Македонија, пишува Дневник.
– Неделава ќе го потпишеме договорот со „Технометал Вардар“. Рокот на испорака е 180 дена од потпишување на договорот. Тоа значи дека до крајот на април ќе биде поставен и вториот карусел во Скопје – информира Душан Авировиќ, директор на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.Вртелешката ќе ја набави фирмата „Технометал Вардар“, која го доби конкурсот за јавната набавка. Оваа фирма го набави и првиот карусел