Плукни залепи програма на СДСМ

СДСМ деновиве е растрчана по државата со цел да ја промовира својата програма за враќање на средната класа. Тоа се би било во ред, но очигледно Социјалдемократскиот сојуз место да направи квалитетна програма, акцентот бил ставен на квантитет, односно плукни залепи. Тие во желбата да излажат веќе не знаат што прават.Нетпрес објави фотографии на кои се гледа дека на флаерот кој се дели на граѓаните има огромна грешка, па така место да стои 130 милиони евра назад кај граѓаните од 15 отсто повраток на ДДВ, стои истата цифра но во денари.
За да биде срамот уште поголем, кога го увиделе ова во СДСМ, решиле проблемот да го решат со лепенка која стои на местото на кое е направена грешката.

Брзоплетоста е позната одлика на СДСМ, очигледно е дека целата програма е изготвена без предвидени буџети и рокови  и без притоа да се направат претходни анализи и истражувања, туку било важно само да се излезе со нешто пред граѓаните. 
 
Дали ветувањата им се издржани или не, по се изгледа ни во СДСМ не се сигурни.
 
Според ова може да се очекува дека кога би ја добиле власта, истото би го правеле и би ги решавале судбините на граѓаните со истиот систем “плукни залепи”.
Извор.НетпресНетпрес објави фотографии на кои се гледа дека на флаерот кој се дели на граѓаните има огромна грешка, па така место да стои 130 милиони евра назад

Пронајдете не на следниве мрежи: