Passat Variant и Golf Sportsvan беа крунисани со наградата „Најдобар производ на годината“.
Plus X наградата за „Висок квалитет, дизајн и ергономија“, ја освоија новите Passat, Passat Variant и Golf Sportsvan.На дизајнерскиот тим на брендот Volkswagen му беше доделена Plus X наградата. Клаус Бишов, раководител на одделот за дизајн во Volkswagen, ја подигна наградата за иновација во име на целиот тим. Покрај тоа, три модели на Volkswagen беа оценети како најдобри во пет други категории.
Брендот Volkswagen освои најголем број на награди вкупно 6 на овогодинешното доделување на Plus X наградите. Посебната награда му припадна на дизајнерскиот тим на Volkswagen. Стручното жири во своето соопштение напиша:
„Низ децении наназад, Volkswagen создаде свој посебен идентитетот и не го изгуби во современите дизајнерски трендови. Всушност, токму спротивното од големата слика, па до најмалите детали, од силуета до многу значајниот светлосен потпис, кохерентниот концепти ги обединува функционалноста и емоции. Дизајнерскиот тим на Volkswagen покажа, особено со концепт автомобилот C Coupe GTE кој неодамна беше претставен во Шангај, колку е рафиниран актуелниот стил на компанијата“.
Покрај тоа, Plus X наградите за „Најдобар производ на годината“ им припаднаа на два Volkswagen модели. Поради својата совршена изработка и безвременскиот внатрешен и надворешен дизајн Passat Variant беше крунисан со наградата „Најдобар караван за 2015/16 година“.
Golf Sportsvan исто така ја освои вредната Plus X награда во категоријата „Најдобро компактно повеќенаменско возило MPV за 2015/16 година“. Оваа одлика стручното жирито ја донесе пред сѐ поради дополнителниот простор во кабината, функционалноста и врвното ниво на моторите.
Во категорија „Висок квалитет, дизајн и ергономија“, наградата за најдобра иновација им припадна на новите Passat, Passat Variant и Golf Sportsvan.
Меѓународните Plus X награди започнаа да се доделуваат во 2004 година и оттогаш наваму овие награди се признание за најиновативните производи во вкупно 27 категории.На дизајнерскиот тим на брендот Volkswagen му беше доделена Plus X наградата. Клаус Бишов, раководител на одделот за дизајн во Volkswagen, ја подиг