По 17 години го пронашла синот, но тој ја одбил

Киднапирањето е исклучително трауматично искуство, а една мајка ја имаше таа среќа повторно да го најде нејзиниот син. Тогаш таа доби втор удар – синот не сакаше да има никаква врска со неа.Сега, со 59 години, сама и без семејство Је им помога на другите семејства во потрага по своите деца.
Шест – годишниот син Је Кинксиу исчезна во 1993 година, во потрага на нејзиното детеЈе помина низ 10 кинески провинции, собирала ѓубре и миела садови во кујна за да преживее, а спиела во парковите. За малку ќе умрела, а најтажно е што нејзиниот сопруг го продал нивниот син на богато семејство. Ја молеше да престане да го бара нивниот син, а на крајот ја оставил.
Кога Је Кинксиу конечно го нашла нејзиниот син, тој дури и не сакал да ја прегрне.
Со неа тој поминал една година, а таа дополнително се задолжила за да го плати неговото образование. Но тој избегал една година подоцна и не се јавил две години. Иако тоа и нанесе голема болка, Је вели дека не жали што го барала и нашла. „Не жалам што го барав. Негова работа е како ќе го живее својот живот. Кога вашето дете ќе го снема, не можете да престанеме да го барате“, изјави Је.
Секоја година во Кина се киднапираат илјадници деца. „Кога ќе ви го одземат детето, тоа е уште полошо отколку да ви го извадат срцето. Ако некој ви го извади срцето, тоа трае една секунда, ќе умрете и нема веќе да сте свесни “, изјави Је и уште додава „Ако ви го одземат вашето дете, тогаш секој ден се будите со болка во срцето од размислување“.Сега, со 59 години, сама и без семејство Је им помога на другите семејства во потрага по своите деца.
Шест – годишниот син Је Кинксиу

Пронајдете не на следниве мрежи: