Андреа Хенсон ги поминала последните 20 години страдајќи од страшни мигрени, без идеја што би можело да ги предизвикува.По еден потежок напад, оваа 46-годишна жена од Линконшир била хоспитализирана под сомнение дека боледува од емболија.
Откако цели две децении храбро ги поднесувала главоболките, односно мигрените, дошла до заклучок дека нејзиниот проблем го создава интолеранцијата на кравјо млеко и пченка.
„Бев исцрпена и ништо не можеше да се стори“ – рекла Андреа.
Оваа жена, која инаку е сопственик на служба за кетеринг, случајно добила препорака за програма со која се тестира интолеранција на храна.
„Ми изгледаше како добра прилика да научам нешто повеќе за себе и за мојата работа, како и да проверам дали можеби моите деца се алергични на некој вид храна“ – рекла Андреа.
Дури тогаш открила дека таа и нејзините синови не толерираат кравјо млеко.
Андреа ја исфрлила оваа намирница од исхраната, како и пченката, а нејзините мигрени скоро целосно исчезнале.По еден потежок напад, оваа 46-годишна жена од Линконшир била хоспитализирана под сомнение дека боледува од емболија.
Откако цели две децен