Ви претставуваме приказна на една постара британска двојка: 66-годишната Роз и 71-годишниот Ијан, кои по 23 години брак одлучиле да се разведат.Сепак, минуваат точно дваесет и три години од разводот и тие повторно се вљубуваат еден во друг. Повторно се венчаваат, докажувајќи дека кога е пишано да си со некого, судбината те спојува со него … па дури и да се поминати две децении. Онака кажано – човек не може да избега од среќата.
Роз и Ијан се венчале за првпат во декември месец 1968 година, кога таа е само 18, а тој 23 години. По дваесет и три години и три деца, тие се оддалечуваат и се разведуваат во 1991 година.
И двајцата продолжуваат со животот, дури и се женат по втор пат, мислејќи дека со нивната романса е свршено, но нешто повеќе од две децении подоцна тие повторно се маж и жена. Роз открива дека како со Ијан поминаа еден круг и во моментов повторно се таму од каде што тргнале пред повеќе години – заљубени еден во друг така лудо, како што беа пред речиси педесет години. Двојката се среќава за првпат во јануари месец 1967 година.
„Моите родители управуваа со хотел и јас им помагав, работев на рецепција и Ијан доаѓаше да зборуваме. Не беше љубов на прв поглед, но дефинитивно имаше силна привлечност меѓу нас.“
„Еден ден имаше игранка и на крајот им Иан ме испрати до дома. Останатото е сторија за една бурна и среќна врска.“
Од љубовта на двојката на виделина се појавуваат три момчиња – Ијан, Стјуарт и Еван, како и осум внуци. Но, односите меѓу двајцата не остануваат така розови како во почетокот и по 23 години заеднички живот тие се разведуваат. По разводот, двајцата задржуваат топли пријателски чувства еден за друг, па дури и се собираат на празници. Токму еден семеен повод ги тера да сфатат дека нивната љубов е сѐ уште жива.
„Постариот син Ијан живее во Тазманија и во август месец во 2013-та пристигна со семејството специјално за свадбата на Еван. Кога дојде во Англија, тој престојуваше при татко си и затоа јас секојдневно го посетував домот на поранешнот сопруг за да ги гледам децата. Но, кога свадбата помина и Ијан Јуниор си замина, ние со Ијан продолживме да се гледаме. Отидовме во театар, на вечери, на празници и нашата љубов едноставно расцуте.“
„Почекавме некое време пред да им објавиме на луѓето дека повторно сме заедно, но мислам дека син ми Иан имаше свои сомневања уште од денот на свадбата. Во јануари 2014 година мислевме дека ја заслужуваме нашата втора шанса и повторно се венчавме.“
Кум бил најголемиот син на двојката – Ијан, а Роз е проследена до олтарот од средниот син Стјуарт.
„Веќе имавме една раскошна свадба, па решивме оваа да е интимна, само со семејството и најблиските пријатели.“
„Гостите беа категорични дека тоа е романтичен настан на кој стануваат сведоци. Јас самата не претпоставував дека такво нешто може да се случи, но сум толку среќна што се оствари и што повторно сме заедно.“Сепак, минуваат точно дваесет и три години од разводот и тие повторно се вљубуваат еден во друг. Повторно се венчаваат, докажувајќи дека кога е пиш