Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев, денеска направи увид во градежните работи за изградба на германската фабрика за автомобилски делови на „Маркарт“ во индустриската зона Караслари кај Велес.Тој изрази задоволство што по 24 години во Велес се гради фабрика со која ќе се создадат нови работни места. Информира дека од потребните 200 илјади кубни метри земја, ископани се половината и оти остануваат уште толку за да се дојде до нулта точката и да се постават темелите на објектот.
– Немаме некои посериозни проблеми. Жителите од населеното место Караслари се интересираат што е она што се работи и задоволни се затоа што очекуваат дека некој од нив ќе најде вработување во фабриката за една година, кога треба да почне со работа, истакна Чадиев.
Инвестицијата изнесува 35 милиони евра, а фабриката ќе се протега на површина од 10 хектари. Во неа треба да се вработат 600 лица.
Чадиев информира дека се работи и на првата фаза од пробивањето на патиштата до фабриката, додека водоводниот систем е во завршна фаза.
Извор: МИАТој изрази задоволство што по 24 години во Велес се гради фабрика со која ќе се создадат нови работни места. Информира дека од потребните