По 4 абортуси помислиле дека никогаш повеќе нема да бидат родители, но потоа дознале дека…

По 4 абортуси, Грејс и Џејмс Слатери се помириле со фактот дека никогаш нема да бидат родители. Сепак, овој Божиќ ќе го поминат како 6-члено семејство, бидејќи Грејс пред седум месеци родила 4 прекрасни бебиња.Грејс била шокирана кога ја примила веста дека останала бремена по природен пат. А тогаш следела 4 пати послатка вест, кога на преглед дознала дека ќе роди не едно, туку 4 бебиња. Докторите останале запрепастени бидејќи шансите мајка да добие четворка по природен пат се дури 1:10.000.
„Тие се нашата „фантастична четворка“. Не можеме да веруваме дека веќе поминаа 7 месеци и дека веќе се подготвуваме за Божиќ. Тие се нашето мало чудо, вистински Божји благослов“, рекол гордиот татко.

Грејс вели дека нивната ќерка Амелија е посбно чудо, бидејќи е родена со аномалија и докторите верувале дека нема да живее повеќе од неколку часа.
По раѓањето на Амелија и била дијагностицирана дијафрагмална хернија, пореметување кое настанува кога абдоменалните органи ќе преминат во градната празнина, низ отвор во дијафрагмата. Сепак, малата принцеза ги преживеала првите неколку критични часа, па дури и денови, а потоа била оперирана.
„Одиме на редовни контроли, а докторите се повеќе од задоволни со закрепнувањето. Денес ми доаѓа да заплачам кога ќе се сетам дека за малку ќе се откажевме од сонот да имаме големо семејство. Животот е неверојатен“, раскажува Грејс Слатери.
Поради претходните абортуси Грејс и Џејмс не можеле да уживаат во бременоста како што тоа го прават останатите парови, туку постојано живееле во константен страв секој ден.

Најголемато и најсилното бебе било Амелија, тешка „дури“ 1 килограм и 800 грама, додека најмала била Моли Роуз која тежела 850 грама.
„Не беше воопшто лесно, но и тоа како се исплатеше. Ова ќе ми бидат најдобрите празници во животот. Грејс била шокирана кога ја примила веста дека останала бремена по природен пат. А тогаш следела 4 пати послатка вест, кога на преглед дознала дека

Пронајдете не на следниве мрежи: