Владо Јовановски, познат македонски актер и еден од лидерите на актуелните граѓански протести кои ги организира иницијативата „За заедничка Македонија“, веќе нема да биде дел од телевизискиот серијал „Преспав“, кој се финансира со пари од Европската Унија. Ваква одлука на продуцентите деновиве му била соопштена на Јовановски, а за неговата улога на Миле, еден од тројцата браќа Бузалевски, веќе му е побарана алтернатива. Наместо него овој лик, најверојатно, ќе го толкува Игор Џамбазов, пренесува Дневник Kако што дознаваме, на состанокот што Јовановски го имал со Пеце Талевски, од продукцијата ОХО, нему му било кусо кажано дека соработката „веќе не може да продолжи“.
При тоа не биле наведени конкретните причини зошто е веќе откажан неговиот аранжман во толкувањето на ликот кој, заедно си другите, ги доби симпатиите кај гледачите.
Јовановски вчера само кусо ни ја потврди веста дека му било соопштено дека веќе нема да биде дел од овој серијал коj предизвика внимание и симпатии кај аудиториумот. Но, освен ова, тој не сакаше нешто повеќе да коментира со образложение дека во наредните денови ќе каже „повеќе за околностите во кои му е откажан ангажманот“.
Недостапен за коментар беше и Пеце Талевски од продукциската куќа ОХО, кој не одговори на нашиот телефонски повик и на СМС-порака врзано за овој случај.
Доколку во наредниов период се покаже дека на Јовановски учеството во овој телевизиски серијал му било откажано поради неговиот ангажман во граѓанските протести и политичките ставови коишто ги застапува, тоа ќе биде скандалозно вмешување на политичките фактори во уметничкото творештво.
Серијалот „Преспав“, познато е, почна да се емитува од октомври минатата година и во рамките на нејзина прва сезона беа прикажани вкупно 25 епизоди. Снимањето на оваа серија беше овозможено најмногу со парични средства на Европската Унија.
Инаку, Јовановски е еден од неколкумина лидери на граѓанските протести кои веќе два и пол месеци ги организира граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ по улиците на Скопје и на повеќе други македонски градови. Десетици илјади граѓани секоја вечер се спротивставуваат на создавањето на новата владина коалиција меѓу СДСМ и политички партии на Албанците во земјава врз основа на тиранската платформа.
Создавањето на ваква коалиција, познато е, силно се поддржува од Европската Унија.
– Затоа сме тука да кажеме стоп, доста е од делби и колежи, доста е од асимилации, доста е од разградување на она малку што остана од македонски суверенитет. Тоа на никого нема да му дозволиме – изјави Јовановски на еден од протестните собири.
Во своите јавни настапи овој познат македонски актер често ја критикува Европската Унија и НАТО, кои, според него, „си го штитат својот колонијалистички интерес“.
Во релациите меѓу Јовановски и продуцентите и телевизијата на која се емитува овој проектот „Преспав“ дојде до недоразбирањата врзано за една објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ од страна на актерот. Вo февруари годинава Јовановски објави едно свое мислење кое во јавноста се протолкува како повикување на војна од негова страна. Но, по подоцнежните објаснувања од негова страна духовите се смирија.
Јовановски активно учествуваше и во инцидентите кои се случија во четврток на 27 март кога револтираните граѓани упаднаа во Собранието на РМ со цел да се спротивстават на незаконскиот избор на Талат Џафери за нов претседател на Собранието. Актерот тогаш од местото на собранискиот претседател објави дека таа одлука е неважечка за граѓаните, а што беше поздравено од учесниците во протестот.Kако што дознаваме, на состанокот што Јовановски го имал со Пеце Талевски, од продукцијата ОХО, нему му било кусо кажано дека соработката „ве