По барање на Украинците: Малезискиот авион летал пониско од вообичаеното

Според планот на летање, боингот 777 на летот МН17 требало над Украина да лета на висина од 10,66 километри, но тогаш пилотите се спуштиле на 10,05 километри, по барање на украинските контролори на летот, изјави потрпретседателот на „Малезија ерлајнс“, Хејб Гортер, и ја разјасни дилемата зошто несреќниот авион ја сменил рутата.Гортер одбил да каже зошто авионот не го сменил правецот, така што воопшто да не прелетува над Украина, на чија источна територија веќе скоро половина година беснее граѓанска војна. Но, тој рече дека на роднините на настраданите ќе им бидат исплатени 5.000 долари надокнада, што е стандардна процедура.
Тој исто така рече дека ќе им овозможи на семејствата на загинатите да го посетат местото на падот на авионот во областа Доњецк.
Сѐ уште не се знае кои се причините за рушењето на авионот, но се претпоставува дека е соборен. Одговорноста засега никој ја нема преземено, но доаѓаат меѓусебни обвинувања од украинската и руската страна.Гортер одбил да каже зошто авионот не го сменил правецот, така што воопшто да не прелетува над Украина, на чија источна територија веќе скоро полов

Пронајдете не на следниве мрежи: