Во Општина Бутел денеска ќе бидат осветени темелите на крстот што ќе се гради на вркстувањето на улицата „Боца Иванова“ и улицата „Александар Урдаревски“. Крстот е реплика на оној од општината Аеродром, ќе биде монтажен, висок 51 метар, широк 4 метри, со распон на краците од 34 метри, врз постамент од 5,5 метри и фрески на дванаесетте свети апостоли. На крстот ќе биде изведена инсталација за енергетска самоодржливост, а местото околу крстот ќе биде хортикултурно уредено. Крстот треба да биде изграден најдоцна за два месеца.
Според информации од Светскиот македонски конгрес, до крајот на годината се очекува исти вакви крстови да бидат поставени и во Ѓорче Петров и Катланово на двата влеза во Скопје. Со ова до крајот на година Скопје треба да има вкупно четири крстови со висина поголема од 50 метри. Крстот е реплика на оној од општината Аеродром, ќе биде монтажен, висок 51 метар, широк 4 метри, со распон на краците од 34 метри, врз постамент од