ПО ЦЕЛИ 200 ГОДИНИ: Оваа жена успеа да го прекине магичниот круг во семејството на сопругот и да роди девојче!

Кога малечката Мајла Лаври беше донесена од болница пред 4 месеци, цело море од розови предмети ја дочекале во домот. Од балони во сите облици, до панделки и честитки за добредојде.Имено, ова беше посебен настан во ова семејство, бидејќи кога Мајла се родила во октомври, таа беше првото девојче кое се родило во семејството уште од 1809 година!
Последен пат кога во семејството Лаври се родило девојче, било уште пред да се измисли автомобилот и кога кралот Џорџ Трети се наоѓал на престолот на Англија.
Затоа, воопшто не е чудно што нејзините родители Хана (26) која е бабица и Марк (33) кој е тренер по голф од Мејдстоун, во Кент, сакале на посебен начин да го прослават нејзиното доаѓање во нивните животи.
Кога Хана го погледнала семејното дрво на семејството Лаври, се изненадила од фактот дека последниот женски член е роден пред нешто повеќе од 200 години. Тоа била пра-пра-пра тетката Беси.
Беси и нејзиниот брат имале синови и тоа траело сѐ до раѓањето на Марк и неговиот брат Глен. Марк веќе има два сина од претходна врска, додека неговиот брат има еден син.
„Понекогаш се прашував дали генетиката играше важна улога во тоа што во семејството на Марк има само машки деца“, изјави Хана.
„Се обратив кај повеќе доктори за совет и секогаш ми го даваа одговорот дека секој пат кога ќе се зачне бебе, постојат 50-50 шанси тоа да биде девојче. Но, таков не беше случајот во семејството на Марк“.
Но, упорноста ја натерала Хана да ги истражи сите опции и да роди девојче. Имено, таа налетала на тн. Шетлс метода, која ја измислил еден американски доктор во шеесеттите години од минатиот век, со која се тврди дека времето на зачнување може да го определи полот на детето.

Ова се базирало на доказ дека „машката“ сперма (Y-хромозом) е побрза, послаба и има пократок животен век од „женската“ сперма (X-хромозом), која е побавна, но може подолго да преживее. Ова значи дека имањето секс пред овулацијата може да ги зголеми шансите да се зачне девојче, бидејќи „женската“ сперма има тенденција подолго да преживее за да пенетрира до јајце-клетката.
Хана почнала да води сметка кога овулира и водењето љубов беше дозволено само пред таа да добие циклус. Секогаш кога ќе дојделе плодните денови, било време да се води љубов.
Таа призна дека ова беше далеку од романтично, но изјави дека сакаше да се обиде на секој можен начин да добие девојче.
Хана забременила набрзо потоа, но била убедена дека техниката не е успешна.
Но, кога поминале 20 недели и кога отишле на ултразвук, Хана и Марк ги дочека една неизмерна радост – очекуваат девојче!
„Тоа беше состојба на неверување“, рече Хана.
И покрај веста добиена со одењето на ултразвук, Хана била скептична дека станувало збор за грешка.
„Мислам дека ѝ се качив на глава на докторката бидејќи извршив преку 15 снимања“, се смее Хана.
По деветте месеци, дојде на свет нивниот мал ангел. Сега, најголема грижа на Хана е нејзината Мајла да не стане „машкоданка“.
„И покрај сѐ, навистина им се радувам на деновите кога Марк со момчињата ќе одат да играат голф, а јас и Мајла ќе уживаме во долг шопинг“, гордо истакнува Хана.
Хана никогаш нема да дознае дали методата која ја искористи при зачнувањето на Мајла е „виновна“ за прекинувањето на магепсаниот круг од 200-годишното раѓање на машки деца во семејството на Марк, или пак станува збор за нешто друго.
Фото и извор: Daily MailИмено, ова беше посебен настан во ова семејство, бидејќи кога Мајла се родила во октомври, таа беше првото девојче кое се родило во семејството ушт

Пронајдете не на следниве мрежи: