По цели 5 години откриени убијците на Сашо Ристевски

Полицијата во Австралија по пет години конечно е на трага да ја реши мистеријата со убиството на Македонецот Сашо Ристевски (37) кога неодамна беше уапсен еден осомничен кој директно се поврзува со неговата ликвидација, а други двајца вмешани во убиството веќе се во затвор, пренесува ДНЕВНИК.Ристевски беше егзекутиран во септември 2011 година во домот на своите родители во Лејк Хајтс, Илавара, во Нов Јужен Велс, а неговото убиство, иако се претпоставуваше дека е нарачано, се до сега беше вистинска мистерија. Последниот осомничен убиец бил уапсен во близина на местото Волонгонг.
Полицијата од ова место се сомнева дека уапсениот со уште двајца всушност го застрелал Ристевски за време на разбојништво што тргнало во погрешна насока. Сепак, неговиот дом, односно домот на неговите родители, се претпоставува дека бил цел по наредба на ривал од бизнисот со наркотици во кој се претпоставува дека бил вмешан и Ристевски. Минатата година полицијата го поврза убиството на Ристевски со добро позната личност од криминалното подземје на Мелбурн. Токму тогаш почна да се расплетува клопчето за смртта на нашинецот. Наводно при претресот во домот на осомничениот било пронајдено и оружје кое било користено при неговото убиство.
Го нападнале тројца разбојници
Главниот инспектор Давид Лаидлоу вели дека обвинувањата што му се ставаат на товар на осомничениот се во линија со претходните сомнежи дека Ристевски е вмешан во трговија со дрога во реонот на местото Илавара.
Полицијата се сомнева дека за време на грабежот во кој учествувале тројца Ристевски се спротивставил по што бил застрелан. Налог за апсење и нова кривична е поднесена и против уште едно лице што е веќе зад решетки. Првичната истрага била насочена кон луѓе од Балканот што го познавале Ристевски. Во времето кога бил застрелан, Ристевски бил пуштен на условна казна. Тој бил околу една година на слобода откако претходно бил во затвор за трговија на половина килограм кокаин. Истите детективи што го истражуваат убиството на Ристевски се вклучени и во истрагата со исчезнувањето на Горан Николовски, на кого му се губи секаква трана на 31 октомври 2011 година.
Полицијата во оваа земја се сомнева дека припадници на организирана криминална група од Мелбурн се одговорни за серија крвави инциденти што следеле во регионот на Сиднеј по убиството на Македонецот. Се претпоставува дека тие лица или истиот убиец стои зад исчезнувањето на Горан Николовски, пријател на Ристевски, истата година. Прво трагата на полицијата била насочена кон припадници на подземјето од балканско потекло, но потоа убијците се бараа меѓу азиските криминални групи од Мелбурн.Ристевски беше егзекутиран во септември 2011 година во домот на своите родители во Лејк Хајтс, Илавара, во Нов Јужен Велс, а неговото убиство, иако

Пронајдете не на следниве мрежи: