По четврти пат Sound of green во организација на Пакомак

Фолтин, Eye Cue, June и ДЈ Ивана Низам ќе настапат на четвртиот по ред „Sound of green“ кој ќе се одржи на 20 јуни во 20.00 часот во летниот клуб Хавана (во градскиот парк во Скопје).Влезници за фестивалот како и секоја година се добиваат во замена за 3 празни пластични шишиња од која било големина. Заинтересираните можат да си обезбедат влезници на промо-пултовите поставени кај Крем кафе во т.ц. Бисер на приземје, Броз кафе кај Универзална сала и на плоштадот Филип Втори на „Баскерфест“, во четврток 18 јуни и во петок 19 јуни од 14 до 18 часот. А како и секоја година, три празни пластични шишиња во замена за влезница може да се донесат на пултовите на „Пакомак“ и пред почеток на концерот.
„Нé радува можноста да придонесеме во оваа иницијатива и да бидеме во друштво на оние кои ги поттикнуваат и креираат промените за подобар живот за сите нас. Секој од нас треба да придонесе за поздрава и почиста животна средина со она што е негова определба. Нашата определба е да подржуваме вакви пактики и да се бориме преку музиката што ја создаваме“ – изјави Бојан Трајковски од Eye Cue.
„Овој фестивал стана репрезентативен настан што многумина со радост го чекаат и збиднување што шири позитивни промени. Нашата цел за подигнување на јавната свест ја манифестираме и преку поддржување на добрата музика и квалитетното дружење, развивање на пријателство и култивирање на фер однос кон животната средина. Ги повикувам сите да дојдат и да уживаат во музиката“ – изјави Ико Брдароски, Менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

„Пакомак“ минатата година потпиша договор за соработка со „Пасворд продукција“, според кој „Пакомак“ ќе биде еколошки партнер на сите настани и концерти кои ќе бидат во организација на оваа продукциска куќа.
„Со заеднички напори се трудиме еколошките навики да станат дел од музичките збиднувања во Македонија. Нашата цел е да привлечеме и мотивираме што повеќе млади луѓе кои уживаат во музиката да станат амбасадори на нашата порака дека секој од нас, со своите постапки придонесува во менување на еколошката свест“ – изјави Лина Угриновска од „Пасворд продукција“.
На минатогодишниот „Sound of green“ од 1.800 посетители беа собрани повеќе од 5.300 пластични шишиња што подоцна „Пакомак“ ги рециклираше.
Влезници за фестивалот како и секоја година се добиваат во замена за 3 празни пластични шишиња од која било големина. Заинтересираните можат да си

Пронајдете не на следниве мрежи: