По договорот за добрососедство кој го потпиша СДСМ, Бугарите ги возобновуваат спомениците на Сан- Стефанска Бугарија во која е цела Македонија

Бугарија го врати на старото место споменикот на загинатите војници од првиот и шестиот полк пред Националниот Дворец на Културата (НДК) во Софија.Споменикот во форма на лав кој држи штит на кој е нацртана мапата на Сан-Стефанска Бугарија во која потпаѓа комплетно цела Македонија, беше осветен од попови на свечена церемонија.
На церемонијата присуствуваше министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов и градоначалникот на Софија, Јорданка Фандакова.
 
Меморијалниот споменик на борците за голема Бугарија бил поставен во 1934 година во градината пред НДК и освен лавот со штитот на голема Бугарија во која потпаѓа и Македонија, бил опколен со спомен плочи на кои биле испишани имињата на паднатите војници.
Истиот бил отстранет во 1980 година за да направи место за споменикот „1300 години Бугарија“ кој сега се демонтира за да се врати споменикот на паднатите борци за Голема Бугарија.
 
Од 1980 до пред неколку дена, лавот стоел пред Воено-историскиот музеј на Бугарија во Софија.
-Денес се исправува една неправда. Се враќа оној споменик кој беше уништен и тргнат во едни времиња на безродие. Војниците од оваа дивизија чии имиња беа овековечени на тие плочи, загинаа ширум Балканскиот полуостров не заради некакви политички убедувања, не заради некакви идеологии, тие загинаа за да го исполнат заветот на Левски дека ние Бугарите сакаме да живееме слободни во Бугарија, Тракија и Македонија, изјави Каракачанов.
 

-Да живее Бугарија и никогаш да не заборавиме што не обединува, а тоа е нацртано на штитот на лавот кој е пред вас, додаде бугарскиот министер за одбрана кој неодамна беше повторно во Македонија на средба со колешката Радмила Шекеринска.
Според Каракачанов, Бугарите ги обединува борбата за Сан-Стефанска голема Бугарија која е нацртана на штитот на лавот. Каракачанов е познат по своите антимакедонски ставови, како и по големата поддршка која ја дава за Договорот за добрососедство кој СДСМ го потпиша со Владата на Република Бугарија бидејќи е на линија на неговите интереси и она што го застапува.
Поддршка за ваквиот договор кој го потпиша СДСМ дадоа и други познати антимакедонисти како што е Божидар Димитров кој изјави дека не верувал дека ќе дојде ден кога еден македонски премиер ќе каже дека Бугарите и Македонците се еден ист народ, и додаде дека ако се спроведе во целост договорот за добрососедство ќе претставува дефинитивен крај на Македонизмот.
На линија на барањата на Бугарија од договорот за добрососедство на кои се сложија од СДСМ се и изјавите на ликови како Мирослав Грчев, човек кој од Зоран Заев е задолжен да направи студија кои споменици на македонската историја од проектот Скопје 2014 треба да бидат отстранети. Грчев изјави дека македонската нација и држава биле измислени во 1945 година.
 
Ова не е прва ваква изјава на Грчев. Тој пред неколку години во изјава за бугарската Б-ТВ изјави дека „само дилетант може да зборува за македонска култура, македонска историја во предисториско време, во неолит или во палеолит. Тоа во нормални земји би требало да служи како дел од пародии и комедии.“
И додека СДСМ ќе отстранува споменици од македонската историја и потпиша дека сме измислена нација во 1945-та година, Бугарите токму поради ваквата сервилност и нула борба за националните интереси од страна на Зоран Заев, ги оживуваат идеите за Голема Бугарија, нешто кон што придонесува директно политиката на Заев и СДСМ.
 
Уште една иронија е што во Бугарија, свештените лица држат панихида на спомениците во кои е прикажана Македонија окупирана во рамките на Бугарија, а во Македонија Синодот на МПЦ изрази јавна поддршка за договорот со Бугарија.Споменикот во форма на лав кој држи штит на кој е нацртана мапата на Сан-Стефанска Бугарија во која потпаѓа комплетно цела Македонија, беше осветен

Пронајдете не на следниве мрежи: