„По евро за седиште“: Зошто струмички превозник ги возеше жените на СДСМ во Охрид?

Голем број жени од Македонија зедоа учество на традиционалниот Осмомартовски марш, што под мотото „Ти си ТАА промена – Заедно за Македонија!“ во Охрид, што го организираше Форумот на жени на СДСМ.Свои обраќања имаа Цветанка Ласкова – координаторка на Форумот на жени на СДСМ, Оливер Спасовски – генерален секретар на СДСМ, Радмила Шекеринска – заменик претседател на СДСМ и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Во своите обраќања ветуваа ридови и долини како ќе ја подобрат состојбата во Македонија, што ќе се прави доколку дојдат на власт и секако, ја спинуваа реалноста за работата на државните институции и Владата каде што не стапнала нивната нога.
Она што е навистина интересно, а што секако паѓа во очи, е струмичката компанија што беше задолжена за транспорт на жените од македонските градови.

Како заложници за „еднаквост и праведност“, делува навистина праведно жените да патуваат преку струмичка компанија.
Според наши извори од круговите на СДСМ, беше интересно што група жени останале без превоз поради дефект на еден од автобусите кај Росоман, па чекале да ги собере друг автобус – секако превозник од Струмица.
Не може, а да не се наметне прашањето дали, како и по обичај, станува збор за распределба на трошоците на луѓе блиски до кланот Заеви, со оглед на тоа дека во Македонија функционираат голем број на автобуски превозници од повеќе градови.
Судејќи според фотографиите, доволно е да се заклучи како ќе функционираат работите доколку овие луѓе дојдат на власт. Досега бевме сведоци на нивната непотистичка политика и начин на работа. Ако на вакви настани за нивни членови се тепаат да донесат „свои луѓе“ за да исперат пари, што ли ќе биде доколку вакви профили на луѓе дојдат на власт?
Дали можеби по некое евро од седиште е екстра ветено за секој донесен член на СДСМ во Охрид за да се пополни локацијата и да изгледа дека има голема посетеност?
Свои обраќања имаа Цветанка Ласкова – координаторка на Форумот на жени на СДСМ, Оливер Спасовски – генерален секретар на СДСМ, Радмила Шекеринска –

Пронајдете не на следниве мрежи: