По завршувањето на групната фаза на ЕП во Данска, без малку е познат составот на шеширите за квалификациските бараж-натпревари за учество на СП 2015 во Катар.Директно на СП во Катар се пласира репрезентацијата на Шпанија, како шампион од последниот мундијал. Уште три најдобропласирани репрезентации од ова ЕП ќе обезбедат виза за СП. Според бројот на бодовите најблиску до директен пласман на СП се селекциите на Хрватска (4), Франција (4) и на Данска (6).
Преостанатите 8 селекции кои на ова Европско првенство обезбедија пласман во втората фаза ќе го сочинуваат првиот шешир за квалификациите за Светското првенство. Тука уште припаѓа и Србија, како најдобра од четвртопласираните селекции во групната фаза на првенството во Данска.
Вториот шешир го сочинуваат: Црна Гора, Чешка и Норвешка (како четвртопласирани во групите од групната фаза во Данска), Германија и победниците на претквалификациските групи – Словенија, БиХ, Литванија, Грција и Романија.
Македонија токму меѓу овие девет репрезентации ќе го најде својот иден противник во баражот. Литванија, Грчка, БиХ, Романија и Црна Гора се најпосакуваните противници во баражот.
Извлекувањето на бараж-двојките ќе се случи на последниот ден од ЕП во Данска.
Победниците од деветте бараж-дуели ќе се пласираат на СП во Катар. Европа вкупно ќе даде тринаесет учесници на СП.
Извор: rkmetalurg.mkДиректно на СП во Катар се пласира репрезентацијата на Шпанија, како шампион од последниот мундијал. Уште три најдобропласирани репрезентации од ов