Здружението за Душевно Смирување на Македонците ја стартуваше акцијата „Таблети за нестудентите“. Како што велат од ЗДСМ, оваа акција ја покренуваат со цел да не бидат запоставени неопфатените од владината акција „Таблети за студентите“ во која се доделуваат ваучери во вредност од 8.000 денари за студентите од трета и четврта година кои ќе може да бидат искористени за набавка на таблет уреди.Идејата да се делат таблети за сите Македонци на ЗДСМ им дошла после синоќешната дебата на телевизијата 24 Вести меѓу Никола Гелевски и Александар Пандов, во која токму Гелевски демонстрираше исклучителна стабилност и смиреност, неопходна за сите граѓани во овие турбулентни времиња.
„Господинот Гелевски со својот мирен, сталожен настап не’ воодушеви и затоа одлучивме токму тој да биде заштитното лице, глас, појава, заштитната гестикулација на оваа наша акција во која ќе доделуваме бесплатно хелекс и диазепам во сите аптеки без рецепт. Се што ќе треба да кажат граѓаните кога ќе се појават на шалтер е шифрата „КооооЉааааа“, после што ќе бидат услужени со мини сет од 8 таблетки, по 4 од двата медикаменти“, велат од ЗДСМ.
Здружението апелира акцијата да ја искористат особено оние кои мислат дека немаат потреба од таблети, бидејќи како што покажуваат искуствата на студентите, не знаеш дека ти треба таблет се додека не го добиеш. Гелевски не беше достапен за коментар, а неофицијално дознаваме дека е во Ласа каде држи семинар за будистички монаси на тема „“.
*Текстот е измислен и има сатирична намена.
Извор и фото: infomax.mkИдејата да се делат таблети за сите Македонци на ЗДСМ им дошла после синоќешната дебата на телевизијата 24 Вести меѓу Никола Гелевски и Александар