Актерката Анџелина Џоли за прв пат од септември, откако ги поднела документите за развод од Бред Пит, се појавила официјално во јавност. Таа со децата ја посетила Камбоџа, родната земја на синот Медокс, каде што била прикажана премиерата на нејзиниот нов филм „Прво ми го убија таткото“.
Џоли ја пречекал кралот на Камбоџа, Нородом Сихамони во Сием Реап, кој ја отворил премиерата на филмот. Потоа била одржана конференција на која Анџелина се обратила во јавноста.
„Не сакав да ја прикажам само војната, туку и љубовта во семејството, убавината на земјата, но сакав и да се обидам да сфатам низ што поминале родителите на мојот син. Сакам тој да знае за подобро и дека оваа земја знае за подобро и да ѝ биде подобро“, рекла Џоли.
Филмот е заснован на истоимената книга на Лунг Унг, која била дете за време на владеењето на Црвените Кмери од 1975 до 1979 година. За време на нивниот режим настрадале околу два милиони Камбоџанци.
Унг во своите мемоари се присетува на ужасите кои ги преживеала во тој период, кога Црвените Кмери ѝ ги убиле нејзините родители и двете сестри и на спасоносното бегство на Тајланд со постариот брат.
Таа со децата ја посетила Камбоџа, родната земја на синот Медокс, каде што била прикажана премиерата на нејзиниот нов филм „Прво ми го убиј