По ноќта мината во притвор, уредничката на ХТВ доведен во обвинителството

По ноќта мината во притворско одделение, поранешната уредничка на хрватската јавна телевизија HTV, Дијана Чуљак, во саботата наутро е доведена на испрашување во загрепското Жупаниско државно обвинителство, јавува Hina, повикувајќи се на нејзиниот адвокат Гордан Прегељ.На испитувањето во судскиот комплекс во Загреб, каде што веќе Дијана Чуљак кон крајот на февруари беше испитувана како новоосомничена во корупциската афера „Core Media“, поранешната телевизиска ѕвезда во Хрватска е донесена со полициско комбе. Таа била уапсена во петокот навечер пред нејзиниот дом во центарот на Загреб, во друштво на нејзиниот партнер, поранешен директор на полицијата Оливер Грбиќ.Според хрватските медиуми, Чуљак, откако врз неа била проширена истрагата во случајот на „Core Mediа“, од неколку сведоци барала да ги изменат исказите коишто биле неповолни за неа. Полицијата, наводно, тајно ја снимила, па се очекува таа поради влијание врз сведоците да биде задржана во истражен затвор.Адвокатот Прегељ, не сакал да открие повеќе детали, туку само дека поранешната уредничка се товари за кривично дело спречување за докажување, но не и за што конкретно се товари.Веднаш по апсењето адвокатот изјавил дека наводното спречување на докажувањето не се однесува на случајот на поранешниот програмски директор на Nova TV, Синиша Свилан, туку на аферата „Core Media“ во која Дијана Чуљак заедно со нејзиниот поранешен сопруг Владимир Шелебај и уште четири лица осомничени за неплаќање на 3,1 милиони куни ДДВ, како и за незаконско извлекување на повеќе д 16 милиони куни од компанијата „Core Media“ и „Media Spot“.Во случајот на „Core Media“ обвинителството во ноември минатата година подигна обвинение против Шелебај и негови деловни пријатели, меѓутоа ненадејно тоа е повлечено во февруари, за да се утврди неговата основаност.Првоосомничениот Шлебај во истрагата и на судењето на Свилан, обвинет за примање мито од 260 илјади евра од Шелебај, сведочеше дека „Core Media“ е основана исклучиво по иницијатива на Дијана Чуљак. Таа, пак, негираше дека со поранешниот сопруг склучила таен договор за делба на заработката со што требало да се прикрие конфликтот на интереси , имајќи предвид дека во тоа време била вработена во HTV, а „Core Media“ работела емисии за конкурентската телевизија.„Договорот за фирмата никогаш не сум го видела, ниту свесно сум го потпишала. Ако нешто сум потпишала, тогаш тоа било несвесно“, рече Чуљак на сведочењето на судењето на Свилан, обвинет дека од Шелебај примал мито за на Nova TV да пласира емисии од продукцијата на „Core Media“.Во меѓувреме, во хрватските медиуми беа објавени нејзините смс пораки од кои може да се заклучи дека била запознаена со работите на „Core Media“.За спречување на докажувањата со кривичниот закон предвидена е казна од една до осум години затвор.
МакфаксПо ноќта мината во притворско одделение, поранешната уредничка на хрватската јавна телевизија HTV, Дијана Чуљак,

Пронајдете не на следниве мрежи: