Компаниите да ги искористат поволностите од владиниот проект „Македонија вработува 2“ кој ќе овозможи дополнително отворање работни места и намалување на невработеноста, порача премиерот Емил Димитриев при денешната посета на фабриката за кондиторски производи „Милина свитс“, корисник на првата фаза од проектот.Успешната бизнис приказна на „Милина свитс“, укажа, се разви благодарение на мерката на Владата „Македонија вработува 1“, па така во фирмата од вкупно 18 вработени, 15 лица од различни категории се вработени преку владината мерка.
Само во Штип и штипско преку владиниот проект, како што истакна Димитриев, се вработени 968 лица, во 336 компании.
– На државно ниво оваа програма на Македонија и донесе 19.000 нови вработувања, а мерката ја искористија повеќе од 10.000 компании, што значи дека мерката е добро обмислена и дава одлични резултати. Затоа се одлучивме да одиме со нова мерка, „Македонија вработува 2“, која што нуди слични бенефити за компаниите, доста влијаеше на невработеноста и зголемување на бројот на работно анагажирани лица, рече Димитриев.
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов истакна дека „Македонија вработува 2“ е резултат на успешно спроведениот претходен проект „Македонија вработува“.
– Проектот „Македонија вработува“ за само една година ја намали невработеност во Република Македонија за 2,8 проценти , заедно со сите останати сите мерки кои ги реализира Владата на Република Македонија за намалување на невработеноста. Падот на невработеноста за 2,8 проценти за 12 месеци од првиот квартал во 2015 до првиот квартал 2016 година е историски најголем пад на невработеноста во нашата држава за период од 12 месеци, за да изнесува 24,5 проценти заклучно со првиот квартал во 2016 та година, што е историски и најнизок процент на невработеност, рече Спасов
„Македонија вработува 2“, додаде, ќе трае во следните 12 месеци и е уште една голема шанса за македонските компании за да отворат нови работни места со намалени трошоци. Од 37 до 27 проценти од бруто платата е заштедата на приватните компании за новоотворено работно место или во просек околу 2.000 евра за новоотворено работно место.
Спасов рече дека продолжуваат со промоција на проектот со цел да се отворат нови работни места, но и вработување да имаат и младите и повозрасните лица, кои можат да бидат опфатени со овие мерки.
Според управителот на компанијата, Александар Петрушевски, владината мерка е од огромна помош, посебно за новите компании и е охрабрување за младите кои ќе се одлучат да започнат сопствен бизнис.
– Сега се подготвуваме да аплицираме и за новата програма „Македонија вработува 2“, бидејќи планираме да го прошириме производствениот процес. Имаме продажба во Македонија, извоз за БиХ и во преговори сме за извоз во Косово, изјави Петрушевски.
Како што објасни директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, со 2Македонија вработува 2“ ќе бидат опфатени оние компании кои до мај годинава не го намалиле бројот на вработените и ги платиле сите даноци и придонеси за вработените.
– Ги повикувам сите оние кои доправа ќе отворат сопствен бизнис исто така ќе можат и тие да го користат овој проект, бидејќи за самовработување овозможува за секое лице кое ќе се самовработи, отвори сопствена фирма да биде ослободено од три до пет години во завинсот на која категорија припаѓа од плаќање на социјални придонеси и персонален данок, рече Поповски.
Сите заинтересирани фирми кои го исполнуваат основниот цензус, да не го намалиле бројот на вработените заклучно со мај и да ги имаат платено сите придонеси и даноци, од денес ќе можат да аплицираат за новата Владина програма „Македонија вработува 2“.Успешната бизнис приказна на „Милина свитс“, укажа, се разви благодарение на мерката на Владата „Македонија вработува 1“, п