По ова, ќе размислите два пати пред да користите влажни марамчиња!!!

Несомнено влажните марамчиња се многу практични, но проблемите кои можат тие да ги создадат со нивната прекумерна употреба ќе ве натера да помислите двапати пред да ги користите повторно.Влажните марамчиња се создадени во педесеттите години на минатиот век за да помогнат во вонредни ситуации при промена на детските пелени. Во деведесеттите години се започна со нивно масовно производство, и освен за бришење на задникот на бебињата, тие денес во многу различни форми, со додатоци на детергенти и антибактериски агенси имаат разни примени, се користат за бришење на подовите, миење на рацете, чистење на санитарните јазли и работа површини.
Верувањето во моќта на антибактериски марамчиња денес претставува голем проблем. Нивна моќ за убивање на бактериите, како што е прикажано од страна на најновите истражувања е доведена во прашање, а често ги користиме за чистење на различни површини. Значи не само што не ги отстрануваат бактериите, туку успешно ги шират – ако претходно сте ја бришеле работата на масата во кујната, а потоа со истото влажно марамче ја избришете масата накоја јадете бактериите од едната ќе се префрлат на другата површина. Страшен е фактот дека на истиот принцип, често се шират бактериите и во болниците.

Друга опасност лежи во сличноста на влажни марамчиња со тоалетна хартија, и покрај предупредувањата на пакувањето дека не треба да се фрлаат во тоалетот, тие многу често завршуваат баш таму. За разлика од тоалетната хартија чии целулозни влакна се разградуваат во вода, пластичните влакна на влажните марамчиња се тешко разградлив материјал и се таложат во канализациските цевки, што доведува до нивно затнување.
Сличен проблем со нивната тешка деградација се случува и на плажите, каде што безгрижно фрлените влажни марамчиња ветерот лесно ги носи и тие завршуваат во морето, и поради сличноста со медузите често стануваат залак за морските желки, кој може да биде смртоносен.
Па затоа е подобро ако во вашето омилено кафуле или пак на работа нема сапун, понесете си еден. Пред да го избришете вашето бебе со влажни марамчиња, сетете се дека во куќата имате топла вода, а таа не пренесува бактерии туку ги уништува. Ако во одреден момент единствениот избор ви се влажните марамчиња, водете сметка барем каде ги фрлате истите.Влажните марамчиња се создадени во педесеттите години на минатиот век за да помогнат во вонредни ситуации при промена на детските пелени. Во деведе

Пронајдете не на следниве мрежи: