Како дете никогаш не сте се одделувале од неа,што значи дека вашата мајка ви била и најдобар пријател. Таа ве забавувала додека сте биле мали и секогаш искрено од срце се радувала кога ќе ѝ соопштите убави вести. Дали постои подобар пријател од мајката?А ова се 17 причини зошто вашата мајка ви е најдобар пријател:
1. Ги дава најдобрите совети
Од стандардните нешта, како што се: биди добар/а со браќата и сестрите, изеди го овошјето здраво е, легни си порано, па сè до оние совети во моментите на тешки одлуки – мајката знае најдобро да ве посоветува.
2. Понекогаш си „крадете“ облека од гардероберите
Иако можеби можеби ги доведува вашите модни вкусови во прашање, често сте биле во ситуација да ја фатите како „позајмува“ облека од вашиот гардеробер.
3. Ги знае сите ваши симпатии
Дури ни службите за разузнавање не се толку добри во забележувањето на ситните детали, како што мајките точно можат да „помирисаат“ кој ви се допаѓа и пред кого поцрвенувате.
4. Знае сè за вас
Ништо не можете да скриете од неа, без разлика колку и да се трудите. Мајката знае и да премолчи за да не ви каже дека знае како се чувствувате во одреден момент, но доволно е само да ве погледне и да знае дали ви сјаат очите од среќа или се полни со солзи.
5. Мајката е вашата најголема поддршка
Кога и да се се почувствувате слабо, доволно е само да ѝ се кажете. Таа за неколку секунди точно ќе знае што треба да направи за да се почувствувате како највредната личност на светот.
6. Ве чува како лавица
Никогаш не дозволува да бидете повредени и подготвена е да оди против сите за да ве заштити. Дури и кога ви се чини дека не е до вас, верувајте дека таа е скриена во вашата сенка и подготвена е да нападне во секој момент.
7. Секогаш можете да се исплачете на нејзиното рамо
Таа е секогаш тука да ве сослуша и пред неа можете да се исплачете без срам. Згора на сѐ, секогаш ќе ве пречека со топла прегратка и утешни зборови.
8. Можете со часови да разговарате
Сакате да го поминувате времето со неа и уживате во заеднички поминатите часови, кога ви раскажува за времето кога немало телефони и интернет. Зборувате за секакви теми и не забележувате дека времето ви „летнало“.
9. Знае да откачи
Таа би можела и да биде комичарка. Знае да откачи и одлично да се забавува со вас, да се навраќа на младите години и да ве натера да посакате да го имате нејзиниот дух.
10. Најдобро готви
Ниеден ресторан нема да го замени нејзиниот ручек подготвен со толку многу љубов и одбрани состојки. Да не зборуваме за тоа кога ќе го подготви омиленото јадење. Таа е незаменлива.
11. Ќе ви купи нешто што не можете да си го дозволите
Таа ќе направи било што за да ве усреќи.
12. Стои зад секој ваш успех уште од детството
Веројатно се сеќавате на цртежите по ликовно за кои добивте награда на натпревар, а сè што правевте беше мокрењето на четкичката во вода и боја, додека таа црташе и боеше, или дтеските песнички од детсвото кои немше да имаат логика без нејзината рима.
13. Таа е искрен критичар
Само таа може да ви каже дали постапувате правилно или грешно, водејќи се единствено од нејзиниот мајчински инстинкт.
14. Можеби не признавате, но сè повеќе наликувате на неа
Колку пати досега сте се фатиле како правите нешто исто како вашата мајка.Никогаш не би помислиле дека би биле во сотојба да го направите тоа, но на крај ќе се запрашате: „Што има тука толку страшно?“.
15. Таа е вашиот животен гуру
Кога и да почнете да губите самодоверба или мислите дека за ништо не ве бива, таа секогаш може да најде десетици нешта поради кои ќе се почувствувате најдобро.
16. Со сигурност знаете дека ако сите други ве напуштат – таа ќе биде тука
Може сите да ви бидат лути и да не сакаат да имаат ништо со вас, но вашата мајка никогаш нема да ве заборави.
17. Никогаш нема да бидете доволно стари за да не ви биде потребна вашата мајка
Никогаш нема да бидете доволно возрасни за да не посакате да ја слушнете вашата мајка на телефон или да ја прашате за некој совет или рецепт за некое јадење. И кога и самите ќе се остварите како родители, ќе сфатите дека никој безусловно не може да ве сака како вашата мајка.А ова се 17 причини зошто вашата мајка ви е најдобар пријател:
1. Ги дава најдобрите совети
Од стандардните нешта,
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.